ВМРО-ДПМНЕ: Власта има премолчен договор околу решавање на случајот „Рекет"

Русковска од ден во ден докажува дека е пиун на Заев. Пуштањето на Зоран Милески – Кичеец од притвор покажува дека власта има премолчен договор околу решавање на случајот Рекет, со покривање на трагите кои водат до Зоран Заев.

Да не беше меѓународниот притисок во однос на случајот Рекет, ниту ќе се покренеше истрага, ниту рекетарите ќе беа во притвор. Русковска ја заташкуваше истрагата и кога не ја притвораше Јанева цел месец откако ги притвори Зоки Кичеец и Боки 13 и остави доволно време таа да влијае на доказите и сведоците. Сега повторно си игра со правдата и го пушта Зоки Кичеец од притвор после два месеци, а луѓе без никакво дело ги држеше во истражен затвор многу подолго.

Самиот факт што криминалци за кои видовме видео снимки како изнесуваат торба полна со пари добиени од рекет се пуштаат во куќен притвор кажува дека власта сака да го заташка случајот.

Русковска нема за цел да го расветли случајот Рекет и да дојде до вистинските нарачатели на милионскиот рекет, туку има за цел заштита на функционерите од власта и Зоран Заев лично кои се врвот на криминалниот октопод.

Поигрувањето на Русковска со правдата е повеќе од доволен аргумент зошто е потребно ЈО, кое ќе биде финансиски и кадровски независно од власта.

Со Русковска на чело на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција и со Заев на чело на државата правда нема да има.

Потребна е смена на СДСМ. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. Доаѓа време за обнова на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес

 Да не се попречува изборниот процес, да не се закануваат, да не навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.

„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.

„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.

Како до празнична трпеза без да се оптовари домашниот буџет?

Како наближуваат велигденските и првомајските празни, така растат и цените на овошјето и зеленчук, јагнешкото месо.  

Канал 5 напарви обиколка на еден скопски пазар, но и во дел од месарите, каде засега единствено велат поскпаено е само јагнешкото месо. Поразговаравме и со дел од пазарџиите. Ако до вчера килограм краставица на скопските пазари можеше да се најде и за 50 денари килограм, денеска цената е повисока за 10 денари, од 5 до 10 денари има промени и кај доматот, компирот, салатите. Дел од пазарџиите велат можно е цените да растат и во следните денови.

„Некоја роба има разлика, но не верувам да се качи пред Велгиденот, може да се качи ама нема народ пари. 5 10 денари не е страшно, вчера беше краставицата 50 сега 60 денари. Доматот 100. Немаат граѓаните пари, со минимланна плата не може да искочи на крај со ова. “--изјави, трговец на пазар.

Граѓаните ги прават последните подготовки пред празниците, тие викендов се растрчаа по пазарите да купат по некое овошје и зеленчук, но велат не можат многу да си дозволат бидејќи цените постојано растат. Во зависност од домашниот буџет и цените на производите трпезата годиава ќе биде велат поскромна.

„Се спремаме и за велигден и за мај... Се знае дека се е поскапено, ќе биде малце исто ама посиромашно...“

„За некоја нијасна поскапено е да... “

„Секогаш има, секогаш имало или ќе има. Ако не многу од се помалку и пак ќе има....“

„Има и поскпаување и поевтинување негде има... Послаба ќе биде ама ....“

Досега цената на јагнешкото месо за килограм во дел од месарите и маркетите е зголемена од 150 до 200 денари. Дел од сточарите велат пред велигденските празници цената секогаш била повисока, но ова што сега се случува е нералано. Според нив најголемиот проблем е кај трговците кои ставаат високи маржи, бидејќи велат нивната откупна цена е 220 денари за килограм, па јагнето според нив не би требало да биде поскапо од 500 денари.

притисни ентер