ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СДС за 7 години не им успеа, ВМРО-ДПМНЕ го средува за 6 месеци

Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин - Паланка.

Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба.

Доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе беше готов.

Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на инфраструктурата.

Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево - Охрид се работи во полна пареа.

Видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДС и ДУИ.

Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши, квалитетот и квантитетот сега се на виделина, се наведува во партиската реакција.

Аморим по ремито со Ливерпул: Има причина да бидам лут

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран по ремито 2:2 на гостувањето кај Ливерпул.

Португалецот смета дека неговиот тим ја заслужил победата.

-Дозволено ми е да бидам единствената личност која е вознемирена од тимот. Очекувањата пред натпреварот беа сосема поинакви од она што се случи. На другите натпревари повеќе се лутам бидејќи се уште не можам да сфатам некои работи. Проблемот не е во шемата на игра или во техниката, но јасно е дека нешто друго не кочи, но тешко ми е да го разберам. Добивме бод, но мораме да бидеме полути и разочарани отколку што бевме по поразот на Њукасл. Има причина да бидам лут, но сакам да се смирам за да можам да ги кажам вистинските работи. Се наоѓаме во тешка ситуација и мора да продолжиме да се бориме за да излеземе од неа, изјави Аморим.

Трент Александар-Арнолд не е расеан од гласините за трансфер во Реал Мадрид, вели Слот

Трент Александер-Арнолд не е расеан од гласините за преселба во Реал Мадрид, изјави менаџерот на Ливерпул, Арне Слот откако англискиот репрезентативец одигра далеку под неговите стандарди во ремито 2-2 со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Александар-Арнолд привлече критики за несигурниот настап, а најгласен беше стручњакот на „Скај спортс“, Рој Кин.

-Постојано зборуваме за тоа колку добар играч е Трент и колку може да биде подобар. Сепак, начинот на кој тој играше во одбраната беше на ниво на ученик. Се шпекулира дека претстои преселба во Реал Мадрид, но со својот настап попрво треба да оди во Транмере Роверс, тој треба да игра далеку подобро од тоа, рече Кин.

Запрашан дали Александар-Арнолд бил деконцентриран од извештаите за трансфери или новиот договор со Ливерпул, Слот рече: „Мислам дека не. Веројатно 9 од 10 луѓе би рекле дека е, но јас сум десетти. На него влијаеше играњето против Бруно Фернандеш и Диого Далот, кои се португалски интернационалци и одлични фудбалери“.

Коди Гакпо и Мохамед Салах ги постигнаа головите за „црвените“, кои остануваат на врвот на табелата во Премиер лигата со 46 бодови, шест повеќе од второпласираниот Арсенал. „Црвените“ имаат и натпревар помалку, откако средбата со Евертон во декември беше одложена поради лошите временски услови. Единствениот пораз на тимот дојде против Нотингем Форест во средината на септември.

-Се чувствуваме како да сме испуштиле два поени. Сепак, тоа беше тежок натпревар. Беше слично на Нотингем Форест бидејќи стилот на двата тима е сличен. Тие се бранат длабоко и со многу луѓе. Тие не ризикуваат кога ја имаат топката во свои нозе. Не е лесно да се игра против такви тимови, додаде Слот. /МИА

УНРВА: Седум бебиња починаа во Газа од студ бидејќи немале засолниште

Најмалку седум бебиња починаа од студеното време бидејќи немале засолниште во Газа, соопшти Агенцијата за помош на палестинските бегалци при ОН (УНРВА).

Според објавата на УНРВА на платформата Икс, до 7.700 новороденчиња во конфликтната зона живеат во несоодветни услови, резултат на судирите меѓу Израел и милитантната група Хамас, пренесува денеска ДПА.

Палестинската новинска агенција WAFA во декември објави дека четири бебиња починале од хипотермија.

Повеќе од 15 месеци борби оставија стотици илјади Палестинци без домови. Раселените живеат во шатори кои не нудат соодветна заштита од студот и дождот, со температури што паѓаат под 10 степени Целзиусови.

Израелската управа за палестински прашања (COGAT) објави на Икс дека соработува со меѓународни хуманитарни организации како Rahma Worldwide за обезбедување шатори, ќебиња, топла облека и хигиенски производи за жителите. /МИА

притисни ентер