ВМРО-ДПМНЕ: Се гледа крајот на штетните политики на граѓаните од страна на Заев и Царовска

Истекува мандатот на Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, а сеуште  немаат направено ниту една конкретна мерка која ќе биде за доброто на граѓаните.

-Без никаков срам Царовска се фали дека социјалната парична помош е зголемена за 300%, а имено станува збор за збир на повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјалната парична помош.

-Без никаков срам Царовска се фали дека водат грижа за пензионерите и дека ги зголемуваат пензиите. Пензионерите се чувствуваат изиграно од оваа влада поради покачувањето на минималната пензија од само 36 денари, и 63 денари на просечната пензија.

-Без никаков срам Царовска се фали дека се води грижа за стечајните работници, а оваа категорија на граѓани се појавија како резултата на неуспешните политики од претходните влади на СДСМ.

-Без никаков срам Царовска се фали дека градат нови градинки, но голем број од ветувањето за нови градинки остана само нивно празно ветување.

Се гледа крајот на штетните политики на граѓаните од страна на Заев и Царовска.

Доаѓа обновата за Македонија која ќе се случи по 12 Април, каде ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада и ќе работи за доброто на сите граѓани на Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Олимпискиот оган дочекан со спектакуларна парада во Марсеј

Историскиот едреник со три јарболи „Белем“ денеска го донесе олимпискиот оган во Франција, пречекан од 1.024 бродови на спектакуларна парада во пристаништето во Марсеј, точно 79 денови пред почетокот на Игрите во Париз.

Звуци на гајди, сирени и труби се слушаа од бродовите кои го славеа пристигнувањето на олимпискиот факел, дванаесет денови откако „Белем“ исплови од Грција.

Бродот „Белем“ е изграден во 1896 година, годината кога се одржаа првите модерни Олимписки игри.

Свечената парада во Марсеј ќе трае до 17 часот, а на церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 150.000 луѓе.

Околу „Белем“ има силни безбедносни мерки. Мобилизирани се 6.000 полицајци и четириесетина чамци за да се обезбеди непречено одвивање на парадата.

Прв носител на олимпискиот факел во Франција ќе биде пливачот Флоран Манаду.

Штафетата ќе тргне кон Париз в четврток пренесувана од поранешните фудбалери на Олимпик, Жан-Пјер Папен, Дидие Дрогба и Базиле Боли, а меѓу носителите ќе биде и познатиот готвач Александре Мациа.

Повеќе од 10.000 луѓе ќе бидат вклучени во пренесувањето на олимпискиот факел пред пламенот да стигне во Париз и да биде поставен во близина на Лувр.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи на реката Сена на 26 јули.

Европол: Во Шпанија уапсена група која пренела повеќе тони кокаин од Јужна Америка

 Шпанската цивилна гарда уапсила 20 лица осомничени дека увезле неколку тони кокаин и листови од растението кока од Јужна Америка во Шпанија, соопшти денеска Европол.

Полицијата изврши рација на 27 различни имоти во Мадрид, Понтеведра и Коруња. Во предградието на Мадрид е откриена и лабораторија за производство на кокаин со капацитет за производство на 100 килограми месечно, а во неа се запленети 21 барел течни и цврсти хемикалии кои се користат за производство на кокаин.

Запленети се и три милиони евра во готовина, како и имот вреден 10 милиони евра во кој има куќи, возила и пловни објекти.

Полицијата се сомнева дека оваа криминална група, која ја сочинуваат 19 Шпанци и еден Колумбиец, превезувала нелегална стока со едрилици и катамарани до неколку пристаништа на брегот на Галиција.

Во рацијата биле запленети 50 килограми кокаин, еден килограм хероин, 1,7 килограми хашиш, еден килограм розев кокаин, 10 килограми марихуана, 750 килограми амфетамин МДМА и 10.000 таблети екстази.

Во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто, во Вевчани 21 процент

- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.

За парламентарните избори во Струга и струшко до 11 часот излезноста е девет отсто, додека за вториот круг од претседателските седум проценти, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Во Вевчани, според претсетдателката на ОИК Менче Кукоска, гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.

- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.

Во двете општини, како што посочија претседателите на ОИК, гласањето се одвива тековно, без нарушувања.

притисни ентер