ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Владата уште еднаш покажа класично непочитување на Собранието

Денес СДСМ и Владата предводена од СДСМ уште еднаш покажа класично непочитување на Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом.

Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да изразиме огромно незадоволство поради тоа што на денешната Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше донесувањето на Предлог-Законот со кој што требаше да се обезбедат дополнителни средства за довршување на автопатот Кичево – Охрид, веќе втор ден по ред, ресорниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, не доаѓа и не присуствува на седницата на Комисијата.

Оттука, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ апелираме и бараме ресорниот министер да собере храброст и да се појави на оваа Комисија бидејќи за важен закон како овој, тој мора да биде присутен и да даде одговор на многу прашања кои ги имаат пратениците кон него.

Имено, денес сакавме да го прашаме министерот и Владата, зошто овој предлог закон доцни една година, знаејќи дека на 12-ти ноември минатата година беше изгласан закон за обезбедување на средства за доизградба на оваа автопатска делница.

Сакавме да слушнеме од министерот Сугарески како преставник од Владата, зошто им беше потребна дури една година за да се поднесе овој закон за ново дополнително задолжување од 180 милиони долари за изградба на овој автопат, сума која што воопшто не е мала.

Сепак, одговор на овие прашања не добивме. Министерот Сугарески одлучи да не се појави и да не даде одговор на овие многу важни и клучни прашања.

Ние во многу наврати во изминативе неколку години, укажувавме дека блокирањето и застојот на изградбата на оваа автопатска делница ќе нанесе ненадоместлива и огромна штета, како на Буџетот на Република Македонија, така и на граѓаните кои секојдневно патуваат во овој регион.

Исто така, во овој период додека е закочена и блокирана изградбата на овој автопат се загубени и фрлени во вода огромни средства кои биле потрошени за досега сработеното, а кое сега поради овој застој, трпи штети, последици и се уништува.

Од друга страна, мора да потенцираме дека овој застој има голема улога и во намалената безбедност во сообраќајот, која резултира со голем број на сообраќајни незгоди и несреќи, со голем број на жртви и повредени, како и оштетени моторни возила. Штети за кои некој ќе мора да сноси некаква одговорност.

Оттука уште еднаш сакаме да прашаме и бараме одговор на прашањето, зошто власта и министерот се плашат и бегаат од одговори за овој проблем кој тие го создадоа?

Колку за потсетување, токму СДСМ додека беше опозиција ветуваше изградба на илјадници километри автопат, за сега да гледаме дека не се способни ниту да ги довршат автопатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна и кои беа во напредна фаза на реализација, а не пак да изградат нови како што ветија.

Во изминатиов период, од СДСМ се изнаслушавме секакви изговори и оправдувања, но сепак граѓаните во ова речиси 3-годишно нивно владеење, можеа да се уверат во нивната неспособност и несериозност. Граѓаните гледаат дека СДСМ нема ниту капацитет, ниту визија и план како да ја водат Република Македонија. Единственото во кое што СДСМ се најдобри е блокирањето, укинувањето и ширењето на лаги и манипулации.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер