ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали

ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО.

СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци во нивните редови и лица блиски со нив.

Владеењето на СДС и ДУИ е забележано со бројни криминални и корупциски скандали, таков е последниот во МЕПСО каде постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра пари на граѓаните. Компанијата, под водство на лица од овие партии, склучила договор за набавка на уред за три милиони евра поскап од предвидениот План за развој, кој самите го донеле.

Под водство на Зуди Енуз од, така наречениот, фронт на ДУИ и поставен од СДС, во јуни годинава МЕПСО склучил договор со албанска фирма „Шанси Инвест“ за набавка на уред за корекција на напонски профил на трансформаторска станица. Во Планот за развој на електро преносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година, буџетот предвиден за уредот за корекција изнесува 2.8 милиони евра, а во договорот склучен со оваа фирма истиот уред изнесува 5.864 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од планираното.

Дополнителен загрижувачки факт е што на овој тендер албанската фирма Шанси Инвест учествува со Далековод АД Загреб, која е фирма за производство на таквиот вид на опрема и која се јавува како поголем партнер во конзорциумот.

Од сето ова се покренуваат сомнежи за улогата на албанската фирма кога истата опрема доаѓа, можела да се набави и да биде монтирана директно од фирмата производител. Дали Шанси Инвест е фирма која послужила за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното?

Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори случај и да истражи во чии џебови завршила разликата од три милиони евра.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин

Ја известуваме Боливија и меѓународната заедница за денешното палење на 21,6 тони запленет кокаин, објави министерот за внатрешно работи Едуардо Дел Каситиљо на Фејсбук.

На 15 октомври боливиската полиција откри и заплени 21,6 тони кокаин во пратка со соја, чија последна дестинација била Германија.

- Ова е најголема заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во изминатите години во една операција, наведе Кастиљо.

Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин, по Перу и Колумбија./МИА

Петрушевски: Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор

Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор за набавка од 10 милиони евра, за фактурите да му ги доставува тампон фирма, а не производителот.

Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од скоро 10 милиони евра инфлагранти исцртале шема како ги испумпувале парите.

На вчерашната прескоференција кажавме дека претпријатието Далековод АД од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од Албанската фирма параван за испумпување на парите.

Дали МЕПСО под раководство на СДС и ДУИ ја поставиле Шанси инвест од Албанија како фирма од која тие требало да ги поделат провизиите?

МЕПСО кое доставило модел договор до добавувачите и барало тој да биде претходно прифатен, откако Далековод АД Загреб го добива тендерот дозволува измена и дополнување на договорот.

Во чл.9 од договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси инвест од Албанија, а не Далековод АД Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително наведено е дека Шанси инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.

И студент од прва година правен или економски факултет ќе сфати дека Шанси инвест до МЕПСО доставува фактура, си ја наплаќа провизијата, а потоа му исплаќа на производителот Далековод АД Загреб за опремата.

Го повикуваме ЈО да отвори случај. Далековод АД Загреб можел сам да се јави на тендерот, зошто не го сторил тоа и дали за тоа бил уценет и од кого?

ЈО мора да го истражи овој случај. Утре продолжуваме со нови детали за оваа скандалозна набавка.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски ќе го чека мислењето на ДКСК за директорот на АНБ Христовски,тврди дека има сертификат

Мицкоски ќе го чека мислењето на ДКСК за директорот на АНБ Христовски, тврди дека има сертификат за државна тајна.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски има сертификат за државна тајна, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник за изградба на нова градинка во Општина Ѓорче Петров.

Прашан за тоа што ќе направи Владата во однос на отворениот предмет на Државната комисија за спречување корупција за именувањето на Христовски за директор на АНБ, премиерот рече дека ќе го чекаат мислењето на Комисијата.

Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ по пристигнување анонимна претставка до Комисијата во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Наводите, според претседателката Татјана Димитровска, се однесуваат на неисполнување услови за именување на директор. Конкретно во делот на образование, стекнување со безбедносен сертификат и припадност на политичка партија.

притисни ентер