ВМРО-ДПМНЕ : Родовите права не се само за бројка, туку борба за квалитет

Централната комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања на  ВМРО-ДПМНЕ во соработка на Унија на жени организираше панел дискусија на тема „Македонската жена пред милениумскиот предизвик на еднаквост".

Како што е наведено во партиското соопштение, на оваа панел дискусија претседателот на Централната Комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Јовевски посочи дека оваа комисија заедно со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ посветува силно внимание на прашањата за интеграција на жената во сите сфери.

- Навистина избалансираниот пристап кој што треба да го има македонската жена не се однесува само во однос на балансот помеѓу нејзините семејни и професионални односи туку и на нејзиното вистинско место во општеството, во семејството. Нејзината улога како креатор и носител на новите идеи, како столб на општеството како мајка, како жена, како човек кој треба да ги реализираа предизвиците кои што се во рамките на новиот милениум, навистина кога зборуваме за еднаквоста може да констатираме дека сеуште во македонското општество, во различните сфери на општествено делување македонската жена сеуште не ги ужива сите аспекти на еднаквост. Тоа не е само македонски проблем, тоа е европски проблем, тоа е светски проблем особено ако го земеме аспектот на учеството на жената во однос на трудот и нејзиното нееднакво наградување за исти работни места и за еднакво стручно знаење и способност како и мажите. Навистина ВМРО-ДПМНЕ во овој аспект нуди голем број на решенија кои што ќе треба да одговорат на предизвиците на новото време, на предизвиците на новиот милениум.

Јовевски посочи дека во тој контекст и оваа трибина се посветува токму на овие прашања на прашањата на македонската жена во општеството, на нејзината интеграција и создавање на идна платформа, идна визија за еднаквост на македонската жена во сите аспекти на функционирањето во општеството.

На панел дискусијата се обрати и членот на Извршниот Комитет, Иванка Василевска рече дека огромен е придонесот на жената во општеството бидејќи тука застануваат жени кои имаат свои биографии, свое достоинство и своја визија како да ја претстават Македонија навистина на ова вистинско ниво кое што и прилега на секоја една современа држава.

Борбата за родовите права не е само за бројка, туку борба за квалитет и за надминување на сите бариери и стереотипи од било каква верска, национална или друга припадност, порача Василевска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

 Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Анчелоти ќе го има на располагање Куртоа за најважните натпревари

Тибо Куртоа ќе се врати на теренот пред крајот на тековната сезона, објави „Relevo“би можел да се врати на теренот терените оваа сезона.

Белгискиот голман нема играно од август поради скинати вкрстени лигаменти на колено и повреда на менискусот.

Во Реал Мадрид веруваат дека 31-годишниот голман ќе учествува во најважните натпревари оваа сезона.

Забележано е дека клубот ја цени и играта на Андреј Лунин, кој „ги надмина сите очекувања“. Сепак, во Реал признаваат дека Украинецот се уште не е на нивото на Белгиецот. Тоа се изразува во неговото влијание врз одбранбените играчи и акциите при слободните удари.

По првиот натпревар со Баерн, стручниот штаб на Реал Мадрид му замери на Лунин за некои грешки - на пример, во епизодата со голот на Лерој Сане.

Реал води во Ла Лига со 84 бода по 33 кола. Шпанците ќе го одиграат реваншот со Баерн во Лигата на шампионите на 8 мај. /МИА

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

притисни ентер