ВМРО-ДПМНЕ предлага импементирање на сите препораки на комисијата за 24 декември

ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на собраниската работна група за имплементирање на препораките од извештајот на комисијата за настаните од 24 декември, поднела писмен-предлог за измени на Деловникот, Законот за Собрание и Кривичниот законик, со кој, како што истакнуваат од партијата се опфаќаат најголем дел од препораките.

- Ние во предлозите за измена на Деловникот, на Законот за собрание и Кривичниот законик практично ги копираме препораките односно ги внесуваме така како што се напишани во извештајот на Комисијата, а се прифатени од сите нејзини пет члена, изјави Илија Димовски, член на работната група од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата предлага постапката за носење на буџетот да има прецизно утврдени рокови. Буџетот треба да биде доставен три месеци пред истекот на календарската година, а да биде донесен до претпоследниот четврток во годината. Се предлага општа расправа по буџетот на комисија да трае 4 дена, амандманската 7 дена, со тоа што однапред ќе се знае периодот кога ќе се одржува. Рокот за амандмани се зголемува од два на три дена. Доколку за периодот од 7 дена не се усвојат сите амандмани, комисијата сепак ќе мора да изготви извештај, а Владата треба да се изјасни по тие амандани, и потоа дополнетиот предлог да го врати во Собрание.

Предложени се измени кои се однесуваат на координациите, на работата на анкетните комисии, за надзорните расправи за усогласеност на водењето на седниците на комисиите и на Собранието со Деловникот. Има измени и за кривична одговорност за напад на службено лице со едностепено зголемување на казните.

ВМРО-ДПМНЕ има предлози кои се однесуваат и на Етичкиот кодекс со кои се предвидува опомена, опомена пред исклучување или исклучување на пратеник од работа на седница на Собрание на 1, 2 или 5 дена за недолично однесување, упатување навреди, попречување на седницата. Доколку биде исклучен некој пратеник, ќе се соочи и со намалување на палата во висина од 5 проценти за секој ден во кој бил исклучен. Измените кои се однесуваат на етичкиот кодекс, на собраниското обезбедување, според предлогот на ВМРО-ДПНМЕ би се донеле најдоцна шест месеци по усвојување на измените на Деловникот, Законот за Собрание и Кривичниот закони.

- Предлозите кои ги нудиме се копирани онака како што се напишани како препораки што сме ги прифатиле како членови на комисијата. Препораките би потенцирале дека се со потпис на петте членови на ад-хок комисијата од кои двајца по официјален предлог на СДСМ. Една од препораките регулира дека сите одредби коишто се однесуваат на работа на пленум односно на седница на Собранието, а ги нема како одредби за работа на собраниските тела ќе се применуваат и за нив. Во таа смисла таа препорака е усогласена помеѓу партиите и ние се надеваме дека усогласеноста значи прифатливост на таа одредба. Таа одредба е една од одредбите од препораките кои ги копиравме и ги внесовме како норматив во предлогот за измена на Деловникот, рече Димовски.

Според него, отворањето на сите препораки одеднаш, а не етапно, се прави обид да се избегне можноста одредени препораки во поодмината фаза да останат неимплементирани врз база на можноста секоја партија да бира дел од препораките кои нејзе и одговараат.

- На овој начин ние ги отворивме сите прашања на маса со предлог за изменување на Деловнкот, Законот и Кривичниот закониик и веројатно ќе ги затвораме едно по едно како што ќе се усогласуваме. Но, потенцирам не сакаме да се доведеме во ситуација дел од препораките да не бидат импелментирани заради тоа што една, друга или трета страна ќе бира која од препораките ќе биде имплементирана. Со одговорен пристап и примена на препораките така како што се напишани во Извештајот и со отсуство на желба на правење на проблем може да се постигне вака како што сме предложиле со дополнителни договори и најголем дел од препораките да ги затвориме до 1 октомври, рече Димовски.

Неџати Јакупи кој е претставник во работната група од ДУИ е оптимист дека по сите прашања би можел да биде постигнат договор.

- Интенцијата на работната група е да се завршат сите задачи во роковите до 1 октомври и ако е возможно пред извештајот на Европската комисија 15 октомври. Јас сум оптимист според тоа како се одвива работата во работната група мислам дека ќе најдеме консензус по однос на сите прашања. Ценејќи го нивото на дебатата и одговорноста која ја пројавуват сите пет члена на работата група нема да има проблем во однос и на тоа буџетот да биде поднесен во Собрание до 1 октомври, рече Јакупи, иако како што посочи, приоритет би требало да биде буџетската постапка.

За сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ, рече, свото мислење ќе го изнесат утре на седница на работната група.

ДУИ смета дека ограничувањето на дискусиите не треба да важи на седници на комисиите, во интерес на квалитетна дебата.

СДСМ смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се отворат сите прашања одеднаш е отстапка од договореното и обид да се блокира рабоатата на групата.

- По две недели работа и три средби претставниците на ВМРО-ДПМНЕ го променија своето мислење, однесување и договор со кој заеднички функциониравме и во таа смисла се договоривме да работиме на два приоритета, а тоа е буџетот и корекција на ограничување, временски и скратени постапки. Тие вчера изненадувачки го променија своето мислење што е прилично несериозно и неодговорно за работа на работна група во која сите одлуки се носат со консензус. СДСМ смета дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кријат политички маневар за потенцијално блокирање на работата на работната група и непостигнување на консензуален договор, рече Ивановски.

Додаде дека доколку се случи тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде одговорна, како што рече, за негативните критики што Македонија ќе ги претрпи од Брисел и за лошто функционирање во Парламентот. /Извор: МИА/

Дневен хороскоп за 30. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 30. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности.

Кариера

Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено.

Здравје

Делата се посилни од зборовите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи.

Кариера

Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се согласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво.

Здравје

Бидете пообјективни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција.

Кариера

На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт.

Здравје

Одете на сонце и на свеж воздух.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите.

Здравје

Не брзајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската.

Кариера

Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата.

Здравје

Можна е минлива главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите.

Кариера

Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги.

Здравје

Зајакнете се со прошетка на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре.

Кариера

Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека.

Здравје

Осмислете пријатен ден за себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни.

Кариера

Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат.

Здравје

Јадете здрава храна .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе.

Кариера

Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови.

Здравје

Терапиите се ефективни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им.

Здравје

Помалку јадете , повеќе спортувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни.

Кариера

Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас.

Здравје

Нема пречки пред вас.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки.

Кариера

Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето.

Здравје

Не се откажувајте од вашата цел.

Патот под нозе и право на шетање! – Идеално растојание за да си ја вратите формата!

Едноставни здрави навики кои може да го променат нашето здравје.

Иако многумина мислат дека салите за вежбање и трчањето се начин да се добие добра форма, витка линија и генерално, добро здравје, факт е дека пешачењето носи многу придобивки. Ова е еден од најпристапните начини за вежбање, а малкумина се свесни за неговото влијание не само врз согорување на калориите, туку и за неговиот позитивен ефект врз физичко и ментално здравје.

Прошетката го „чисти“ мозокот

Пешачењето честопати е во сенка на интензивните активности, но сепак тоа е еден од најефикасните начини да го подобрите целокупното здравје. Покрај тоа што го разбиструва умот, го подобрува кардиоваскуларното здравје и помага во регулирање на тежината.

Колку пешачење е потребно дневно?

Не постои совршено растојание кое може да се помине за еден ден. Не постои универзален стандард кој важи за секого подеднакво, бидејќи пешачењето треба да биде прилагодено според здравствената состојба на лицето и целта што сака да ја постигне. Затоа, треба да се земе предвид следново:

- Луѓето со вишок килограми согоруваат повеќе калории на поминат километар бидејќи тежината влијае на тоа колку треба да пешачите.

- Ако сте почетник, почнете постепено со прифатливо темпо и растојание, а потоа постепено зголемувајте го растојанието и темпото.

- Поставете си јасни цели, односно, остварливи. Ако целта ви е да изгубите одредени килограми, тоа ќе бара подолги прошетки.

- Усогласувањето на пешачењето со урамнотежената исхрана е клучно. Тоа може да го забрза вашиот напредок кон целта.

Идеално растојание за пешачење

Иако барањата варираат од личност до личност, некои општи упатства сугерираат дека поминувањето 10.000 чекори дневно е оптимално, што е околу 7-8 километри, при што се согоруваат 300 до 400 калории, што е еднакво на половина килограм губење на тежината неделно, доколку имате балансирана исхрана.

Како да се случи тоа?

Во денешниот брз начин на живот, мисловна именка е да поминете толку километри ако сте зафатени со работа, ако работите седејќи и користите превоз до работа, до град и слично. Еве неколку упатства како да го интегрирате пешачењето во вашиот динамичен живот:

- Поделете ги вашите прошетки - прифатливо е во текот на денот да имате пократки, а почести прошетки, на пример, утрински, попладневни и вечерни.

- Транспортот заменете го со пешачење - најидеално е, доколку е изводливо, да пешачите до работа наместо да возите или да користите јавен превоз.

- Користете ги скалите - иако многумина ќе ги превртуваат очите на овој предлог, факт е дека лифтовите иако ни го олеснуваат патот до станот, не се добри за нашето здравје.

- Наместо во кафуле, одете на прошетка – наместо секогаш да седите во кафуле, може да пешачите со пријателите, тоа секако ќе има позитивно влијание на вашето физичко здравје.

притисни ентер