ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно

Покачувањето на цените и порастот на трошоците за живот почнуваат да стануваат реалност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ .

Според податоците на ДЗС за индексите на трошоците на живот и цените на мало, во јануари 2018 трошоците за живот пораснале за 1,1% во споредба со јануари 2017 година, а малопродажните цени бележат пораст за 2.3%.

Домаќинствата во Република Македонија благодарение на политиките на СДСМ денес трошат повеќе од пред една година, што дополнително ќе се одрази на нивниот животен стандард. Ова првенствено се должи на покачувањето на акцизата на дизел горивата од 3.5 денари, која ги зголеми трошоците за живот за течни горива за 12,7%, но и трошоците за транспортни услуги за 5,3%. Трошоците за живот во споредба со јануари 2017 се зголемени и за другите производи и услуги.

Цените на мало исто така во споредба со јануари 2017 година пораснале и тоа кај земјоделските производи, индустриските производи, прехранбените производи и услугите.

Порастот на трошоците за живот е најголем пораст во последните неколку години и е доказ за неспособноста на СДСМ да ја води економијата.
СДСМ е без идеја и продолжува со катастрофалните политики во економската сфера.

Наместо нови вработувања имаме стотици отпуштања од работа. Наместо поволности за бизнисот имаме влошување на условите за водење на бизнис преку поскапување на основните средства за водење на бизнис.

Младите не се враќаат, туку повеќе си заминуваат. Државата не ги подобрува условите, туку ги влошува.

Политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно. Наместо живот дојде беда, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер