ВМРО-ДПМНЕ организира протестен марш во Велес

Црнила ја завија државата откако СДСМ е на власт.

СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт.

Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија.

Месечно амбасадата на Сојузна Република Германија издава над 1500 визи, додека амбасадата на Швајцарија од 500 – 700. Бројката е слична и за другите европски држави, а баратели се главно млади луѓе. Голем дел од нив се висококвалификувани кои одлучуваат трајно да се иселат од државата.

Црнилата кои ги предизвика оваа власт само за првите 10 месеци од годинава резултираа со 77 отпишани ученици од штипските основни и средни училиште, а како основа е наведено трајно иселување од државата. За истиот период од кочанските училишта се испишани 20 ученици. Бројките за жал се слични и во другите градови низ државата, без разлика на регионот, источен или западен.

Економијата континуирано тоне. Граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа , а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај.

Зацрнетата економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Инзаги: Сакам сите од сегашниот состав да останат и за следната сезона

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази надеж дека клубот ќе може да ги задржи клучните играчи во новата сезона.

Во текот на оваа сезона, „нероазурите“ убедливо ја освоија титулата во Серија „А“, со само два порази во 35 кола - двата против Сасуоло, од кои вториот беше синоќа.

-Веќе разговарав со управата и кажав дека сакам сите од сегашниот состав да останат и следната сезона. Со оглед на тоа колку натпревари треба да одиграме, потребен ни е поголем состав, а не пократок, прокоментира Инзаги, кој го направи Интер шампион на пет кола пред крајот.

Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик

Денес е 5 мај - Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

​Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку:

• Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, на кодифицираниот литературен и стандарден македонски јазик, како и на неговите дијалекти;

- задолжително изучување на македонскиот јазик од страна на сите ученици од прво одделение;

- задолжително познавање на македонскиот јазик при стекнување државјанство;

- задолжителна примена при брендирањето и јавното рекламирање;

- задолжителна примена на сообраќајните знаци;

- задолжителна и единствена примена на таблите, печатите, штембилите и меморандумите на државните органи;

• Повторно отворање на повеќето лекторати по македонски јазик на странските универзитети ширум светот, како отворање на нови;

• Изработка на т.н. дигитален корпус на македонскиот јазик: соодветен дигитален речник, граматика, етимолошки речник, дијалектни речници и сл.;

• Владино спонзорирани онлајн - часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство;

• Задолжителен превод на македонски јазик на сета ТВ и радио програма која оди во етерот, а се емитува на друг јазик различен од македонскиот (од домашни или странски телевизии);

• Владин откуп и ставање на слободно користење на над 100 кирилични фонтови за компјутерско пишување исклучиво на македонска кирилица - која се разликува од бугарската, српската и руската кирилица;

• Задолжително и обврзно користење на кириличното писмо во сите натписи, имиња и логоа на државните органи, јавните институции, здруженијата и фирмите - со цел враќање на приматот на македонскиот јазик, како единствен службен јазик на целата територија на Републиката.

До верниците честитка по повод Велигден упатија градоначалникот на Пустец , МД „Илинден“ и МАЕИ

По повод Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, честитка до верниците упатија градоначалникот на Пустец,  македонското  друштво „Илинден“-Тирана и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

- Од мое и од име на Советот и општинската администрација честитки до сите православни верници за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение. Ви посакувам честит и благословен Велигден, мир, здравје, радост, благосостојба, хармонија, наведува во честитката градоначалникот на Пустец, Пали Колефски.

Честит и вековит Велигден на православните верниците во Република Албанија, во матичната земја Северна Македонија и во целиот свет им посака македонското друштво „Илинден“-Тирана.

-Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

И единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ упати честитки по повод Велигден.

-Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме достојно празнување на овој светол ден, кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата. Христос Воскресна, навистина Воскресна! Нека е честит и за многу години, пишува во честитката МАЕИ.

притисни ентер