ВМРО-ДПМНЕ: Очигледна е намерата да се сокриваат докази и одолговлекува истрагата за „Рекет"

Рекетот на власта е формално пријавен пред четири месеци, а изнудата на милиони евра, заканите и злоупотребата на институциите се јавна тајна многу подолго.

Од април Русковска располага со сите докази за инволвираноста на власта во рекетот, а досега се приведени само двајца извршители и никој друг.

Бојан Јовановски е повеќе од 30 дена во притвор и сеуште нема дадено исказ пред обвинител. Се чекаше са помине месец ипол по објавување на снимките од рекетирањето за Катица Јанева да биде повикана за да даде исказ. Очигледна е намерата да се сокриваат докази и одолговлекува истрагата.

Се сеќаваме на изјавите на Заев дека тој прв го имаше пријавено случајот „Рекет" на Русковска, но дали има записник и зошто доколку не е тоа новинарите ги упатуваше сами да пријават, не се знае.

Заев се наоѓа на врвот од октоподот. Очите не заболеа од блескање во криминално-рекетарскиот октопод кој што го штити Зоран Заев.

Јанева е обвинителката која заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец изнудувала пари од бизнисменот Орце Камчев, за потоа да каже дека и бил изгубен мобилниот телефон, кој подоцна форматиран беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, која денеска во улога на сведок ќе ја замајува македонската јавност дека немала никаква врска со овој случај.

Знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени од страна на криминалната мрежа, и биле земени десетици милиони евра, власта не запрела само кај Орце Камчев и за сето тоа бил информиран Зоран Заев.

Манипулацијата и вмешаноста на власта во работењето на судовите и постапките кои ги водат одредени обвинители е повеќе од јасна. Не се доволни правдавањата на Заев. Никој повеќе не верува во оваа власт. Тој има одговорност да си поднесе оставка, но нема храброст да се соочи со револтот на граѓаните кои ќе го казнат на следните парламентарни избори, затоа што никој не сака да живее во држава во која власта е на врвот од криминалната мрежа, во која организирано се рекетира и во која правдата е концепт кој ги штити криминалците.

Предвремените парламентарни избори се нужност која што треба да се случи, порано или подоцна на Заев и на власта ќе им биде испорачана казната од граѓаните, обновата на Македонија ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од власта.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер