ВМРО-ДПМНЕ: Нема простор за суета кога се работи за здравјето и економската добросостојба на граѓаните

Македонската држава и граѓани се исправени пред еден од најголемите предизвици во историјата на независна Република Македонија.

Граѓаните на нашата држава се соочуваат со сериозни здравствени ризици, но и економски импликации исто така се поразителни, а Владата на СДСМ превзема премалку за да се помогне на стопанствениците и на граѓаните.

Ниту централната власт, ниту пак локалната не прави доволно за поддршка на стопанството и граѓаните.

Апелираме уште еднаш да се прифатат вонредните мерки на ВМРО-ДПМНЕ, мерки кои ќе помогнат во справувањето со корона кризата, но и ќе помогнат во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух ширум државата. Бараме овие мерки да важат за Скопје и останатите поголеми градови ширум Македонија.

Бараме привремено да бидат пренаменети десните ленти на секоја сообраќајница односно булевар да биде пренаменет во велосипедска лента, а дополнително веќе постоечките велосипедски ленти да бидат пренаменети за користење на пешаците.

2.На местата каде што веќе има велосипедски патеки, а нема можност десната сообраќајна лента да се пренамени во велосипедска патека, постоечката велосипедска патека да се дуплира во големина и ширина. Односно да се овозможат безбедно движење на граѓаните.

3. Улиците во маалата да се прогласат за зона 20, зона каде што ќе можат да се возат автомобили со најголема брзина од 20 км на час. Бараме да се овозможи овие зона 20 улици да бидат слободни за пешаците, велосипедите и електричните тротинети кои би ги користеле.

4. Угостителителите да бидат ослободени од плаќање на паушал за терасите за летна сезона 2020-та година.

5. Бараме јавниот простор пред локалите да биде даден на користење на угостителите. Бараме додека трае корона кризата да им се овозможи на угостителите бројот на маси кои го имале во своите локали и терасите заклучно со 18.03.2020 да имаат можност да ги постават на јавниот простор околу нивните локали. Ова мерка се разбира да важи доколку не се одземат повеќе од 30% на просторот за движење на пешаците околу локалите.

6. На местата каде што е има платен паркинг на уличките пред локалите да биде искористен тој паркинг и на неколку паркинг места да се постават т.н. „Парклети” на кои што ќе можат да се постават клупи или пак маси за седење и нема да им се одзема просторот на тие кои што се движат пешки.

Кога се работи за здравјето и економската добросостојба на граѓаните суета не смее да има. Уште еднаш апелираме да се прифатат овие мерки, бидејќи ниту локалната, ниту пак централната власт не прави доволно за да им помогне на граѓаните во овие тешки времиња, се разбира доколку се прифатат овие мерки како во повеќе градови во цела Европа и насекаде низ светот ќе се направи можност да имаме социјално дистанцирање, а воедно и да отпочнеме повеќе да го користиме алтернативниот превоз.

Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Грузискиот премиер до Американците: Јас не ви приговарав на вас за вашата полициска бруталност

Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе ги критикуваше американските официјални лица за давање „лажни изјави“ за контроверзниот закон на неговата влада за „странски агенти“, кој наиде на големи протести во Тбилиси и критики од западните официјални лица.

Законот ќе бара од невладините организации и медиумите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство, да се регистрираат како агенти со странско влијание. САД тврдат дека законот е инспириран од Кремљ и некомпатибилен со демократските вредности.

Кобахиџе, од владејачката партија Грузиски сон, му одговори на Вашингтон. „Лажните изјави на претставници на американскиот Стејт департмент за уличните собири и нацрт-законот за транспарентност нѐ потсетуваат на слични лажни изјави на поранешниот американски амбасадор во 2020-2023 година“, рече тој.

Да потсетиме, во вторникот вечерта грузиските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ја растераат толпата демонстранти. Западните политичари и локалната опозиција изразија загриженост поради полициската репресија.

Владата инсистира на законот и покрај зголемениот гнев во јавноста и постојаното предупредување дека потегот може да ги загрози аспирациите на земјата за членство во Европската унија, пишува Политико.

„Законодавството на Грузискиот сон и антизападната реторика ја ставаат Грузија на несигурен пат. Ги повикуваме властите да им дозволат на ненасилните демонстранти да продолжат да го користат своето право на слобода на изразување“, соопшти Стејт департментот.

Кобахиџе возврати дека „не ја изразува својата загриженост поради бруталното задушување на студентскиот протестен собир во Њујорк“, очигледно мислејќи на пропалестинските протести на универзитетите во Њујорк за време на кои беа уапсени повеќе од 300 демонстранти.

Поддржувачите на законот во партијата Грузиски сон велат дека законот е направен според американскиот Закон за регистрација на странски агенти (ФАРА). Сепак, ФАРА се однесува само на лобисти кои активно работат во име на владите на другите земји и комуницираат со пратениците.

Грузиската верзија на законот ќе се однесува на сите граѓански групи, локални медиуми и невладини организации кои добиваат дури 20 отсто од своето финансирање од странство, што ќе го направи посличен на законот за странски агенти на Русија кој се користеше за задушување на несогласувањето во земја.

Принцот Вилијам е снимен на натпревар, фановите му се налутија (ФОТО)

Принцот Вилијам е снимен како ентузијастички навива за Астон Вила на првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа на УЕФА.

Натпреварот се одигра истиот ден кога принцезата Шарлот го прослави својот 9-ти роденден, а многумина го критикуваа Вилијам што не ја одвел неговата ќерка на натпреварот, која е голем љубител на спортот.

Имено, во април Вилијам беше снимен на натпревар, во првото појавување во јавноста откако се дозна дека Кејт има рак. Потоа на натпревар го однел синот Џорџ и биле снимени како навиваат заедно, а фановите збеснале што сега не ја одвел Шарлот, особено поради тешките моменти низ кои минува кралското семејство.

Инаку, на роденденот на принцезата традиционално е објавена нејзина фотографија направена од Кејт, а еден бизарен детал им падна во очи на многумина.

Испечатени се гласачките ливчиња за двојните избори на 8 мај

Се дистрибуираат гласачките ливчиња низ избирачките места во Македонија за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, објавува МИА според информации од Државната изборна комисија.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

„Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК...

притисни ентер