ВМРО-ДПМНЕ: Македонија осиромашува и се празни заради неспособноста на СДСМ

СДСМ постојано ги лаже и манипулира граѓаните. Платите не растат реално а тоа е видливо од фактот што стандардот е очајно низок и граѓаните едвај врзуваат крај со крај. 

Македонија има еден од најниските стандарди за живот како во регионот така и во Европа. Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција. Со СДСМ на власт граѓаните не живеат туку преживуваат.

Заев и СДСМ не направија никакви суштински реформи за овие три години. Нема ништо од ветувањата за 500 евра плата. Популистичките мерки кои ги носеше СДСМ не донесоа суштински промени ниту вродија со поквалитетен живот или повисоки реални примања. Граѓаните секојдневно тоа го чувствуваат на сопствениот грб со се поголемите покачувања на трошоците на живот и давачките.

Во овие три години СДСМ дополнително ги осиромаши граѓаните и ги разочара со своите лажни ветувања за подобар живот. Просветните работници не се задоволни, лекарите си заминуваат во странство заради лошите услови во здравството, домашните компании дишат на помошни апарати додека младите масовно се иселуваат. Дека младите се во очајна состојба кажуваат и податоците од реномираните институции. Така според статистиката објавена од еминентниот економски магазин „Економист", Македонија се наоѓа на третото место во светот по стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години. Македонија една од земјите со најголема стапка на младинска невработеност. Младинската невработеност е највисока во Европа додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата.

Додека обичниот граѓанин страда, СДСМ ги субвенционира газдите на фирмите. Законот за субвенционирање на придонесите за здравствено и социјално осигурување не функционира.

СДСМ мора да си замине за да дојде подобар живот во Македонија. Зоран Заев и СДСМ ја уништија економијата и дополнително ја осиромашија државата. Затоа тие мора да си заминат за обновата на Македонија да почне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Модриќ и Начо се изедначија со Бензема и Марсело по бројот на трофеите со Реал Мадрид

 Лука Модриќ и Начо се изедначија за најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид со клупските легенди Карим Бензема и Марсело. Хрватскиот играч за врска и шпанскиот дефанзивец синоќа го освоија 25-от триумф во Примера.

Даниел Карвахал веќе има 24 награди со тимот на „кралевите“, а тој, Модриќ и Начо имаат шанса да додадат уште еден вреден трофеј пред крајот на сезоната. Во среда на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ претстои полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите со Баерн Минхен, откако „белиот балет“ ремизираше 2:2 на првиот меч во Баварија. Друга славна личност во белиот дрес - Тони Крос - има 22 трофеи.

Самиот Модриќ уште еднаш испиша историја за Мадрид со тоа што стана најстариот играч за „Лос Бланкос“ во лигашки натпревар во победата од 3-0 над Кадиз со 38 години и 238 дена, со што го надмина претходниот рекорд на Ференц Пушкаш од 38 години и 233 дена.

На социјалните мрежи кружи уште еден љубопитен факт за хрватската легенда на Реал - на 27 години го напушти Тотенхем со 0 трофеи во колекцијата, додека сега, 12 години подоцна, веќе има 25 со Мадрид.

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме..

Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација.

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

притисни ентер