ВМРО-ДПМНЕ: И покрај документи и сведочења за скандалот Диво месо надлежните остануваат неми

И покрај документи и сведочења за скандалот Диво месо надлежните остануваат неми, а тоа значи дека се остава криминалот непречено да функционира.

Корупција, криминал, непочитување на законите и воопшто правните норми се одлика на Владата на СДС и ДУИ. Сето ова се гледа и во случајот Онкологија.

Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности.

Самиот Извештај од ревизија укажува на низа неправилности како „информација за начинот и целта на реферирање/одобрување пред онколошки конзилиум не е писмено споделена па одделни лекари не ги реферирале воопшто лековите за новите пациенти и самостојно одлучувале за промена на терапија или започнувале нови тераписки режими“, потоа во истиот се вели и дека „во недостиг на официјални протоколи, пропуст е што листата со лекови од ФЗО со одобрени индикации за соодветни лекови не им е доставена писмено на лекарите како насока за препишување“.

Значи, има Извештај од Државна ревизија, дополнително објавени документи од ВМРО-ДПМНЕ, сведочења на пациенти, нивни блиски, но надлежните остануваат неми.

Нема никаков предмет за Онкологија, а во суштина нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече.

На сето ова наскоро ќе се стави крај! Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме.

Со почит,

--

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кирби: Белата куќа е за продолжување на оперативната пауза во борбите меѓу Израел и Хамас

 САД поддржуваат натамошно продолжување на оперативната пауза на борбите меѓу Израел и Хамас за да се обезбеди ослободување на сите заложници во заробеништво, соопшти Белата куќа.

„Сакаме да ги видиме сите заложници ослободени. Ако може да се пролонгира паузата повеќе од овие дводневни продолжувања... ние сме за тоа. И ќе продолжиме да работиме на ова цело време со сите наши партнери во регионот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

На прашањето за претстојната посета на државниот секретар Антони Блинкен на Блискиот Исток, Кирби рече дека неговата четврта посета првенствено ќе се фокусира на реафирмирање на американската поддршка за Израел и олеснување на хуманитарната помош во Газа.

Тој понатаму додаде дека Блинкен ќе се сретне со своите израелски колеги и со други претставници од регионот.

Претставник на Стејт департмент: Путин нема да склучи мир во Украина

Путин нема да склучи мир во Украина пред да ги дознае резултатите од претседателските избори во САД.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да склучи мир во Украина додека не ги знае резултатите од американските избори во ноември 2024 година, изјави синоќа висок функционер на американскиот Стејт департмент. Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и е фаворит за републиканската претседателска номинација, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев.

Висок функционер на Стејт департментот, кој ги брифираше новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, рече дека Алијансата ја потврдува својата поддршка за Украина, знаејќи дека мировен договор следната година е малку веројатен.

„Моите очекувања се дека Путин нема да склучи мир, или барем суштински мир, пред да го види исходот од нашите избори“, рече функционерот, кој побара да не биде именуван.

„Ова беше контекстот во кој сите сојузници изразија силна поддршка за Украина“ на состанокот на НАТО, додаде изворот, без да го спомене Трамп по име или да каже конкретно како изборниот резултат ќе влијае на поддршката за Украина.

Американскиот претседател, демократот Џо Бајден, обезбеди огромна воена помош и други форми на поддршка за Киев по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, но дополнителното финансирање за Украина беше одложено од Претставничкиот дом, контролиран од републиканците.

Борел: Потребен е напредок на учесниците во дијалогот за состојбите во Западен Балкан

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, објави дека шефовите на дипломатиите на членките на НАТО на синоќешната средба во Брисел имале важна размена на мислења за состојбите во Западен Балкан.

-Ги информирав шефовите на дипломатиите за актуелната ситуација во однос на дијалогот што се води под покровителство на ЕУ. Потребен е напредок на учесниците во дијалогот, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“.

Тој укажа на важноста БиХ да го искористи моментот за одлучувачки напредок на патот кон членството во ЕУ.

Пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, чија агенда го вклучува Западен Балкан, Борел рече дека мисијата ЕУЛЕКС на Косово ќе продолжи да соработува со КФОР за обезбедување стабилност и безбедност на северот на Косово, соопшти Европската служба за надворешна политика.

Борел додаде дека стабилноста и просперитетот на земјите од Западен Балкан и нивното усогласување со надворешната политика на Унијата се од витално значење за ЕУ.

притисни ентер