ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е марионета на Заев во СДС кој не нуди ништо ново на политичката сцена

Филипче е марионета на Заев во СДС кој не нуди ништо ново на политичката сцена туку континуитет на погубните политики, предавства, афери и скандали.

Во СДС ништо не се менува, Филипче и новите кадри се продолжена рака на Заев.

Филипче е лојален на Заев, ги поддржува и е дел од сите предавства, скандали и криминали на претходното раководство.

Филипче не се откажува од Заев а со тоа не се откажува ниту од криминалите кој тој ги правел во РЕК Битола, ЕСМ и предавствата со Бугарија.

Филипче не се откажува од Заев и старите политики и афери како издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци, како и од рекетот и криминалот во фирмите кои ги правеле.

Филипче не се откажува од Заев затоа што тој верно го следи Заев и сака да биде како Заев.

Филипче е бледа копија на Заев. Заев е тој што раководи со СДС од далечина, додека се рашетува по Дубаи и светот со парите спечалени на грбот на македонскиот народ.

Филипче и тимот на СДС не нудат ништо ново на политичката сцена. Дека тимот на Филипче не е ништо поразличен и е континуитет со политиките на Заев знаат и членовите на СДС, а тоа се гледа и во кадровската криза и проблемите во екипирањето.

Во раководството на СДС на важни позиции има личности кои што немаат ниту ден партиски стаж и коишто се јавно непознати, но се верни слуги на Филипче и Заев.

Нема јака опозиција си вакви репрезенти кои се континуитет на погубните политики на Заев.


Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Минчев во „Само интервју“

Дами и Господа, утре во Само Интервју, ќе гостува министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Од генсек на СДСМ и човек од доверба на Бранко Црвенковски до министер во влада на ВМРО-ДПМНЕ... Незадоволството од Заев или новите политички амбиции, што беше пресудно да го заврти кормилото?

Балансерот се укина, како сега ќе се почитува уставното начело за правична застапеност и зошто не е дел од работната група што го подготвува новиот закон?

Шминка и декор или системски промени, како до департизирана и ефикасна јавна администрација? Има ли политичка волја за реформи надвор од процесот на преговори за членство во ЕУ?

Прославата на Албанското знаме покажа дека и по 23 години постојат етнички теми чувани под тепих, живееме ли во едно општество за сите или во федерална држава?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Горан Минчев, веднаш по вестите.

Данска усвои закон со кој се ограничува истакнувањето на странски знамиња

Данскиот Парламент усвои закон со кој од 1 јануари 2025 година се ограничува истакнувањето знамиња на други држави.

Министерот за правда Петер Хумелгард изјави дека новите правила ќе дозволуваат да се истакнува само националното знаме на Данска. - Знамето ги обединува Данците и заслужува посебен статус, нагласи министерот.

Новата законска регулатива не се однесува на знамињата на Финска, Фарските Острови, Гренланд, Исланд, Норвешка, Шведска и Германија, како и на регионалните или меѓународните организации како што се Обединетите нации и Европската Унија./МИА

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата поднесена од ДУИ, одлучи Извршниот одбор

Денеска се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ посветена на повеќе политички, безбедносни и економски актуелни теми.

1.СДСМ остро се спротивставува на секој предлог за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 67 години. Таквиот чекор претставува директен удар врз работниците, нивното достоинството и труд.

Станува збор за продолжување на погрешните политики за систематско потценување и експлоатација на трудот на граѓаните и работниците од страна на Владата предводена од ДПМНЕ.

Наместо да обезбедат покачување на платите и подобри услови за работниците, власта сака на мала врата да протне мерки кои ќе ги примораат работниците да работат подолго само за да се финансираат трошоците од нивните популистички потези.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата.

Политиките на СДСМ во изминатите години го стабилизираa Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и значително ја намали финансиската дупка, дефицитот од 43% се намали на 33%. Сега ДПМНЕ спроведува погрешни политики со кои ja загрозува одржливоста на Фондот, го зголемува дефицитот.

Нашиот приоритет е заштита на интересите на работниците и обезбедување услови за достоинствен живот. Наместо продолжување на работниот век, потребни се итни мерки за подобрување на животниот стандард и создавање перспективи за сите граѓани со праведна и одржлива пензиска политика.

2. За СДСМ загрижувачки се тенденциите за влошување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и растечките тензии во општеството со загрозување на меѓуетничките односи.

Оценка на Извршниот одбор е дека неприфаќањето на лидерската средба од страна на власта испраќа лош сигнал и ја потврдува тезата дека очигледно партии на власт и ДУИ немаат интерес од стабилизација, што е многу опасно за државата.

3. Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа.

Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби.

4.Во однос на внатрепартиските активности СДСМ веќе направи оперативен план и новото раководство на СДСМ од утре започнува со интензивни теренски активности, во сите општински организации. СДСМ ќе го менува пристапот и го враќа гласот на членството при креирањето на политики. До крајот на годината ќе го заокружиме и изборот на претседатели на општинските организации со што целосно ќе заврши процесот на обединување, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер