ВМРО-ДПМНЕ: До партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија", до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми.

Земјоделците се жалат дека зголемувањето на акцизата ќе донесе до зголемување на цените за транспортот, при се уште неисплатени субвенции дополнително ќе се оптоварат со трошоци, како и тоа дека истата ќе ги зголеми цените на некои производи и ќе биде дополнителен трошок на домаќинствата. Земјоделците предложуват исто така мерки за директна помош на земјоделството и решавањето на проблемот со откупот на веќе стасаните раноградинарски култури, како и да имаат право за време на полицискиот час и за викендите да можат да ги обавуваат земјоделските активности, да можат да се пријавуват и во време на викендите.

До ВМРО-ДПМНЕ стигнаа голем број на поплаки од страна на граѓани коишто се принудени да потпишуваат спогодбен прекин на договорите за вработување, тие велат дека се во безизлезна ситуација затоа што нема да можат земат државна помош. Бараат владата да изнајде начин да им се помогне затоа што под прашање е егзистенцијата на нивните семејства.

Сопственик на мал бизнис вели дека нема од каде да остварува приход, ситуацијата е очајна, а мерките не се доволни и оние што се на располагање ќе ја зголемат задолженоста на неговото претпријатие, пари за плати нема, а она што го нуди државата нема да им донесе опстанок на фирмите и на вработените. Тие бараат да се одложат кредитите за компаниите без камата, како и да се предвиди ослободување од отплата на долговите за микрокомпаниите, за да можат да ја преживеат економската криза и да опстојат во стопанството.

Медицинскиот кадар се жали дека сеуште немаат соодветна заштитна опрема, а некаде не ни имаат опрема, па оставени се да се снаоѓаат, или да ја реупотребуваат опремата којашто ја користат, велам материјалот им се брои. Со огромен ризик се соочуват секојдневно во својата работа, а бројот на заразен медицински кадар расте што дополнително е загрижувачки за нив и условите по коишто работат.

Граѓаните посочуваат дека во карантиските центри во коишто се, не се врши тестирање за корона вирусот, туку само се прават епидемиолошки анкети и се држат во карантин, предложуваат да се тестира цел карантин кога има случаи на позитивни на коронавирусот кои се дел од карантинот.

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до [email protected].

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

притисни ентер