ВМРО-ДПМНЕ: Апелацискиот суд да се води од фактите

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Апелацискиот суд да се издигне над состојбите и политичките нарачки и да не потоне на дното со поддршка на политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија.

Во Апелацискиот суд каде што судиите имаат одговорност за тоа во кој правец ќе продолжи да се движи македонското судство: Дали ќе се издигне над состојбите и политичките нарачки, или ќе потоне на дното со поддршка на политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија.

При одлучувањето за притворот на Миле Јанакиески и на Кирил Божиновски, судиите во Апелацискиот суд мора да се водат од фактите, наспроти изречената мерка како одговор на потребата на хунтата за прикривање на неспособноста и на политичкиот терор против неистомислениците.

Определување мерка притвор по цела година и половина за луѓе кои што со ништо не ги прекршиле претходните мерки е чисто политички мотивиран случај!

Прво, периодот на првите изречени мерки не е кус, не е една недела, не е еден месец. Се работи за цели 18 месеци, година ипол, период во кој двајцата ги почитуваат мерките, редовно се јавуваат во судот, редовно одат на судските рочишта. Редовно се достапни на органите на прогонот. Судиите во Апелацискиот суд мора предвид да го имаат одговорот, кој што го испуштија и нарачателите, и барателите, но и судиите, дали Јанакиески и Божиновски во целост ги испочитувале изречените мерки? Дали имало еден петок во кој што тие двајца не се јавиле на суд?

Второ, притворот сега се воведе врз наводна службена белешка од УБК со назнака Строго Доверливо! Едно е што се цитира документ кој што не е декласифициран туку и не се проверува веродостојноста на содржината откако следеше остра реакција и од Претседателот на државата и од обвинетите. Ниту едниот ниту другиот немале намера да бегаат или воопшто да ги прекршат определените мерки за претпазливост.

Судиите во овој случај навистина имаат задача, дали воопшто нешто ќе остане од демократско во Република Македонија, или се ќе се стави под нозете на хунтата, не водејќи сметка ниту за човечки судбини, ниту животи, само заради политичка определба или за затскривање на неспособноста на апаратот за репресија на хунтата. Судот мора да ги исправи направените грешки и да ги прифати аргументите на одбраната изнесени во жалбата за укинување на притворот за Јанакиески и Божиновски. Оттука треба да почне да се става крајот на злоупотребите и на безбедносниот систем и на правосудството, пракса која секогаш се воведува кога до власт се дограбуваат наследниците на комунизмот.

Приведени крадци во Скопје

На подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Во кочанскиот регион пријавени уште 164 лица кои ќе гласаат во домашни услови

Во четирите општини од кочанскиот регион се пријавиле уште 164 болни и изнемоштени граѓани кои побарале своето гласачко право да го остварат во домашни услови.

Тоа е зголемување од над 40 отсто во споредба со пријавените за првиот круг на претседателските избори, односно вкупниот број сега изнесува 436 лица.

Најголем број пријави биле доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, но по разгледувањето на документацијата дел од нив биле одбиени.

- Во законскиот рок ни беа доставени уште 87 пријави, но комисијата утврди дека 11 од нив не ги исполнуваат условите. Кај една пријава е констатирано дека лицето не е запишано во избирачкиот список, за што има поднесено приговор, и ако добиеме позитивен одговор тоа ќе може да го оствари правото да гласа. Заедно со пријавените од првиот круг на претседателските избори, на територијата на општина Кочани има вкупно 245 болни и изнемоштени кои ќе гласаат во домашни услови, истакна Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија – Кочани.

До Општинската изборна комисија во Виница се доставени уште 38 пријави и сите се прифатени, со што вкупно 99 лица ќе гласат во домашни услови.

Во процентуален износ најголем број новопријавени лица во однос на гласањето од пред две недели има во општина Зрновци. Порастот е за двојно поголем, односно ќе гласаат вкупно 22 болни и изнемоштени.

Во Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево добиле уште 39 пријави и вкупниот број сега изнесува 69 лица, за кои е констатирано дека ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

притисни ентер