Владика Јосиф: Да се помолиме Мајка Богородица да ни помогне пред сè да станеме подобри луѓе

Вчера 27 август четврток со почеток во 16 часот се отслужи празнична Вечерна богослужба, а денес 28 август петок со почеток во 7 часот започна Утрената богослужба, а Светата архиерејска литургија почна во 8 часот. 

Празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица со богослужби се прославува денес во повеќе храмови низ тетовско-гостиварската епархијата, а централната прослава и воедно одбележувањето на манастирската слава се одржа во Лешочкиот манастирски комплекс „Пресвета Богородица и свети Атанасиј Велики".

Вчера 27 август четврток со почеток во 16 часот се отслужи празнична Вечерна богослужба, а денес 28 август петок со почеток во 7 часот започна Утрената богослужба, а Светата архиерејска литургија почна во 8 часот. Богослужеше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од тетовско-гостиварската епархија.

Во својата беседа г Јосиф порача дека поради страшната пандемија верниците се молат Богородица да донесе среќа и здравје на секоја човечка душа, особено за оние што се болни и што страдаат.

–Да се помолиме Богородица Мајка да ни помогне пред сè да станеме подобри луѓе. Овој празник нека нè потсети на љубовта и почитта кон родителите и кон нашата обврска да се грижиме за постарите. Правете им добро за добро и вам да ви се врати. И, како што рекол нашиот народ не копајте гроб на друг, оти сами ќе паднете во него, истакна владиката Јосиф.

-Денес на Успение, ние не ја славиме смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на Пресвета Богородица, која бдее над нашите души, чувајќи ги од злото и подготвувајќи ги за доброто и за вечниот живот, истакна надлежниот митрополит за денешниот празник.

– Еден празник достојно се прославува доколку го посетиме храмот Господов, доколку сме присуствувале на богослужението, доколку сме постеле, исповедале и како круна на сè доколку сме се причестиле со Светите Христови тајни. Подготовките за овој значаен празник започнаа пред две недели, со почетокот на Богородичниот пост, а денес е централното чествување. Оние што во овој период постеле, се исповедале и добиле благослов од својот духовен отец приоѓаат и се причестуваат со Телото и Крвта Христови, рече владиката.

Покрај во Лешок, Успение на Пресвета Богородица во тетовско како храмова слава ја празнуваат црквите именувани Света Богородица во Тетово, Џепчиште, Брезно и Теарце./МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

Мартино: Очигледно годините се проблем за Меси

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино информира за остојбата на Лионел Меси. Тој очекува Аргентинецот да биде достапен за утрешната средба со ДЦ јунајтед.

- Лео тренираше добро вчера. За неговото учество на неделниот натпревар ќе донесеме одлука по тренингот, но оптимисти сме. Повредата го спречи да работи нормално деновиве. Генерално, ја земаме предвид неговата возраст. Очигледно годините се проблем за Меси, но сите се соочуваат со физичко истрошеност или прекумерна употреба кога играат три натпревари неделно. Сепак, отсуството на Меси на натпреварот против Орландо беше исклучиво поради повреда, изјави Мартино за „ESPN“.

На 16 мај, 36-годишниот Аргентинец го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС со Орландо Сити (0:0) поради повреда на коленото./МИА

притисни ентер