Владата во консултација со бизнис секторот креира активни мерки за намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот

Надминување на проблемот со недостиг на работна сила, враќањето на довербата во институциите и креирањето на заеднички активни политики за намалување на невработеноста, беа теми на дискусија на денешната работна средба.

Во дискусија на работната средба „Премостување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на трудот“, учествуваа заменик на претседателот на Владата за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставниците од Американската стопанска комора во Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, истакна дека Владата создава програми преку кои финансиски ги помага компаниите со цел тие да станат технолошки помоќни и поконкурентни, да ја зголемат своја вредност и да ја зголемат висината на платите, а со повисоки плати работните места во индустријата добиваат поголема атрактивност.

„Јазот помеѓу она што е потреба на реалната економија од работна рака и она што се нуди на пазарот, односно кои се можностите и бројот на вработените е голем и создава пречка за индустријата. Со бизнис заедницата го делиме истото сознание дека тоа во иднина може да претставува ограничувачки фактор за развој на економија, затоа што ова не е проблем само на образованието туку и на индустријата. Токму затоа ги влечеме сите потребни чекори за да се реши овој проблем и тоа преку активните мерки во Министерството за труд и социјална политика и со сите други стратешки проекти поврзани со финансиската поддршка за индустријата со зголемување на технолошката моќ, за зголемување на додадената вредност на производите, профитот на компаниите како би можеле да поделат поголеми плати. Затоа што факт е дека атрактивноста на работните места единствено може да се постигне со зголемување на платите и обезбедување на подобар живот за граѓаните“, потенцираше Анѓушев.

Министерката за труд и социјална политика го повика бизнис секторот со конкретни предлози да учествува во креирањето на програмите и мерките за вработување, бидејќи компаниите се тие што најдобро знаат каков кадар им е потребен за да функционираат успешно, а Владата ќе најде начин како да ги реализира истите.

„Ние како Влада сме подготвени да ги слушнеме барањата на бизнис секторот. Минатата година бизнис заедницата од Струмица се организираше и побара од Министерството за труд и социјална политика да креираме активни мерки само за тој реон. Се искреираа мерките, имаа потреба од соодветна преквалификација на кадар и во првите 45 дена од нејзиното објавување, мерката се реализираше. Ако планирањето и програмирањето го спуштиме на локално ниво и тогаш бизнис заедницата верува дека мерките не се за популизам, туку ги даваат ефектите во вработувањата во нивните компании. Голем придонес за активирање на младите на пазарот на труд имаат и Младинската гаранција со која лани беа опфатени околу 6.500 лица од кои 1.900 се вработија и Законот за практиканство кој дава можност на младите веднаш по завршувањето на образованието да се стекнат со практична работа и за тоа да им биде платено. Овој закон очекуваме да ја зголеми вработливоста на младите лица“, истана Царовска.

Дијана Десподов, директорка на Американската стопанска комора во Република Северна Македонија вели дека големите бизниси коишто се членки на комората најакутно ја чувствува потребата на дополнителна стручна и нестручна работна рака на пазарот на труд.

„Јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот не е само проблем на бизнис секторот и на Владата туку и на целото општество и така треба да се решава, во соработка со државниот, приватниот, јавниот сектор и во соработка со младите луѓе чијшто глас исто така треба да се слушне“, рече Десподов.

„Бараше да го ударам по задникот“- порно ѕвездата со шокантни сведоштва на судењето на Трамп

Актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс на судењето на Доналд Трамп сведочеше дека поранешниот американски претседател ја сретнал во пижами во неговата хотелска соба во 2006 година, каде што таа го удрила по задникот на негово барање.

Актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс на судењето на Доналд Трамп сведочеше дека поранешниот американски претседател ја сретнал во пижами во неговата хотелска соба во 2006 година, каде што таа го удрила по задникот на негово барање, кажувајќи ѝ на поротата за наводната средба што на крајот ќе доведе до првото кривично судење на поранешниот американски претседател, пренесува Ројтерс.

Носејќи црна облека и црни очила, Даниелс (45) рече дека Трамп ја нервирал со неговите чести прекини и го прашала: „Дали си секогаш толку арогантен и дрзок?“

Таа рече дека Трамп ја предизвикал да го удри по задникот, и таа го сторила тоа.

„Тоа е сра*е“, се чини дека кажа Трамп додека гледаше од обвинителната клупа.

До средината на утрото, Даниелс сè уште не сведочела за сексуалната врска што наводно ја имала на тој состанок. Се очекува нејзиното сведочење да продолжи и по паузата.

Доналд Трамп (77), републиканскиот претседателски кандидат на овогодинешните избори, е обвинет за фалсификување деловни книги за да прикрие уплата од 130.000 долари на Даниелс за да го купи нејзиниот молк за време на претседателските избори во 2016 година. Тој се изјасни за невин и негира дека имал секс со Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд.

Таа рече дека го запознала Трамп на голф турнир во езерото Тахо, каде што Трамп бил натпреварувач. Таа рече дека забележал кога еден колега спомнал дека Даниелс глуми и режира филмови.

„Тој рече: „О, вие и режирате - мора да сте попаметни“, сведочела Даниелс.

Таа ѝ кажа на поротата дека подоцна истиот ден и пришол телохранителот на Трамп и рекол дека Трамп сака да му се придружи на вечера.

„Воопшто не“, рекла таа на прашањето како реагирала на почетокот.

Таа рече дека се предомислила откако публицистот ја убедил дека од вечерата ќе направи одлична приказна.

Кога пристигнала во неговиот хотелски апартман, Трамп ја сретнал облечен во ништо друго освен сатенски пижами.

„Реков: „Дали Хју Хефнер знае дека му ги украдовте пижамите?“, рече Даниелс, мислејќи на основачот на „Плејбој“.

Даниелс му рекла на Трамп да се пресоблече, а тој љубезно се согласил, додаде таа. Наводната средба се случила додека Трамп бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.

Трамп негира каква било сексуална врска со Даниелс.

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација. Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ "злоупотреба на лични податоци" и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од СВР Охрид.

Пукотници во вилата на познатиот рапер Дрејк, застрелан член на обезбедувањето

Во вилата на познатиот рапер Дрејк дошло до пукање.

Полицијата моментално работи на случајот, а припадник на обезбедувањето на раперот е тешко ранет.

Според пишувањата на медиумите, чуварот најверојатно бил застрелан во напад од автомобил.

Тој се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош и бил во несвест кога пристигнала полицијата, пишува „CBC News“.

притисни ентер