Владата со апел до верските заедници да ги почитуваат препораките

Преку снимки од безбедносни камери од околните објекти обвинителството ќе утврдува дали граѓаните кои беа дел од литијата во Струга пред два дена ги прекршиле здравствените прописи во време на пандемија поради корона вирусот. 

Повикани се на разговор и организаторите а се проверува и дали настанот бил пријавен, а МВР проверува и дали полицајците кои го обезбедувале настанот ги пречекориле овластувањата.

Премиерот Оливер Спасовски денеска побара оставка од министерот за внатрешни Наќе Чулев поради како што рече, неангажирањето на полициски службеници да го спречат собирањето.

Образложението на министерот за внатрешни Наќе Чулев беше дека полициска интервенција можела да предизвика жестока реакција на верниците.

И додека обвинителството и полицијата ги истражуваат прекршувањата на здравствените прописи, ИВЗ од вторник ги отвора вратите на џамиите за своите верници. Иако од Ријасетот велат дека на таков чекор се одлучиле по проценките на состојбата со корона вирусот, премиерот Спасовски ја повика ИВЗ да си ја преиспита одлуката а на МПЦ и порача да се однесува сериозно поради како што речата низата пропусти во изминатиот период. Но вицепремиерот Бујар Османи вели ИВЗ е спремна да имплементира сет мерки за заштита меѓу кои и одржување на дистанца помеѓу верници при извршувањето на верските обреди.

Литијата завчера во Струга по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија предизвика жестоки реакции во јавност.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер