Во 70 -тите години на минатиот век, полицијата во Нов Зеланд извршила рација во домовите на лицата од пацифичките држави за кои постоело сомневање дека престојуваат во нивната земја без дозвола, и покрај фактот дека повеќето од нив биле од Велика Британија или Америка.
Рациите често се случуваа во темнина и биле проследени со понижувачки, вербални и физички напади.
На почетокот на церемонијата, премиерката Џасинда Ардерн била покриена со тога, скапоцен самоански килим, симболично барајќи прошка.
„Стојам пред вас како симбол на Круната што ви нанесе неправда пред речиси 50 години“, рече Ардерн, додавајќи дека „периодот на Dawn Raids фрли сенка врз историјата на земјата“.
„Почитувањето на законите за имиграција е една работа, но Dawn Raids го надмина тоа“, рече Ардерн.
Владата изрази „тага, каење и жалење“ за се` низ што требало да поминат жителите во таканаречените Dawn Raids, а Ардерн додаде дека се надева дека извинувањето ќе даде можност за помирување.
Како дел од извинувањето, владата ќе обезбеди академски и стручни стипендии и ќе создаде образовни ресурси кои ќе ја раскажат приказната за Dawn Raids за „да отвори нова зора и нов почеток за пацифичките народи на Нов Зеланд“.