Владата ќе реагира доколку повторно има зголемување на цените на прехранбените производи

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп

Конгресот на САД синоќа ја потврди победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година против кандидатката на Демократската партија – актуелната потпретседателка Камала Харис. 

Потврдата се случи во кратка официјална церемонија, без многу врева и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Наспроти претходната сертификација на победникот на изборите во 2000 година, демократот Џо Бајден, што беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на Трамп во Капитолот на САД.

Завршната сертификација ги потврди прелиминарните резултати според кои Трамп доби 312 електорски гласови, наспроти 226 за неговата противкандидка Камала Харис.

Потврдата на резултатите од изборите беше спроведено во кратка официјална церемонија, без многу тревога и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Претходната сертификација на победата на изборите во 2000 година на демократот Џо Бајден беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на републиканецот Трамп во Капитолот на САД, како резултат на што загинаа пет лица, меѓу нив и еден полицец, а беа ранети уште стотина.

На вчерашната седница претседаваше Харис, која ја извршува функцијата потпретседателка и претседавачка на Сенатот.

Харис во краток говор го призна својот пораз, додека актуелниот претседател Џо Бајден ја нагласи важноста на мирниот процес на пренос на власта.

Републиканската партија сега е во мнозинство во Сенатот, и ма мала предност во Претставничкиот дом. Овие фактори му даваат на Трамп поголема слобода да ги спроведе своите програми за намалување на даноците и борба против нелегалната имиграција.

Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.

Трамп исто така најави дека планира да помилува одредени лица обвинети за учество во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

-Конгресот денеска ја потврди нашата голема победа на изборите – важен момент во историјата. MAGA!“ напиша Трамп на неговата социјална платформа „Truth Social“.

На крајот од 2022 година, Конгресот усвои законски мерки за зајакнување на заштитните механизми кои обезбедуваат законитост при сертификацијата.

Во новиот закон јасно е наведено дека улогата на потпретседателот е претежно церемонијална. Сите приговори против изборните резултати во која било сојузна држава сега треба да бидат поддржани од најмалку една петтина од составот на Претставничкиот дом и Сенатот пред дебатите за нив. Претходно, за да се поднесе приговор за сертификацијата на резултатите во државата, беше доволно само со подршка на еден член на Претставничкиот дом и еден сенатор.

Покрај тоа, според законот, изборот на електори треба да се врши во согласност со државните закони усвоени пред денот на изборите, а гувернерите на сојузните држави се должни да го достават списокот на електори./МИА

Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите

Најмалку 53 лица загинаа по силниот земјотрес од 6,8 степени по Рихтеровата скала во кинеската автономна област Тибет. Потреси се почувствувани и во Непал и во Индија.

Според кинеските медиуми, најголемиот број жртви се пријавени во градот Шигатсе, во Тибет, а потреси биле почувствувани и во соседните Непал и Индија. Државната новинска агенција „Синхуа“ јави дека најтешко погодени се селата Чангсуо, Куло и Цуого во округот Дингри.

Земјотресот бил регистриран во 9:05 часот по локално време (01:05 UTC), на длабочина на епицентарот од 10 километри, според кинеските власти. Американската Геолошка служба го оцени земјотресот со магнитуда од 7,1.

Повеќе вторични потреси се забележани, од кои најсилниот со јачина од 4,4 степени.

Околу 1.500 вработени во итните служби се на терен за да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. Во градовите Шигатсе и Латсе се забележани оштетени згради, урнати фасади и растурени урнатини на патиштата.

Земјотресот бил почувствуван и во Непал, во главниот град Катманду, а тресењето предизвикало паника меѓу жителите. Во Индија, потреси се почувствувани во државата Бихар, но без пријавена штета. /МИА

Божиќна честитка од потпретседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ

Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. 

По повод еден од најголемите христијански празници Божиќ - денот кога го прославуваме Христовото раѓање, во мое и во име на Министерството за односи меѓу заедниците упатувам најискрени честитки и желби за добро здравје, мир во срцата и душите, топлина и благосостојба. Овие празнични моменти на сите нека ни донесат добро здравје, радост во домовите и мир и спокој во срцата.

Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник е празник на семејството, празник кој нè учи да бидеме солидарни и сплотени, затоа ви посакувам божиќните празници да ги поминете во добро празнично расположение во кругот на најблиските, исполнети со мир, благосостојба и верба дека само заеднички и со убава мисла можеме да успееме и да се избориме со сите предизвици. Бидете здрави, живи и бериќетни!

Христос се роди! Вистина се роди!

Нека е честит и благословен големиот христијански празник Божиќ.

Со почит,

Односи со јавност

Кабинет на потпретседател на Владата на РМ и министер за односи меѓу заедниците

притисни ентер