Влада : Надоместок на плата на работниците, за време на принуден одмор и отсуство од работа поради виша сила

Во врска со интересот на јавноста за надоместоците на работниците на плата, министерството за труд и социјална политика информира дека Законот за работни односи со членот 112 ги дефинира случаите кога на работникот му се исплатува надоместок на плата.

Согласно одредбата, работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство, а висината на надоместокот е различен за различни ситуации. Во ставот 10 од член 112 е предвидено, во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70 проценти од платата и тоа најмногу до три месеци во тековната година.

Ова значи дека во услови на намалување на прометот, намалување на обемот на работа, работодавачот има потреба и право на реорганизација на работниот процес со цел да не дојде до отпуштање на вработените, при што дел од вработените можат да ја реализираат работната обврска, а работниците кои не можат да обавуваат работни обврски, или пак е намален обемот на работата кај работодавачот, истите можат да го користат институтот - принуден одмор.

Во случај на потреба од користење принуден одмор, работодавачот е должен на работникот да му се издаде соодветно решение, обврска која е предвидена согласно член 112 став 10 од Законот за работните односи, како и да му плати надоместок на плата од 70 проценти од платата за период до три месеци во тековната година.

Надоместокот на плата за време на принуден одмор е утврден и во Општиот колективен договор за вработените во приватниот сектор од областа на стопанството (член 32).

Со истиот член од Законот за работните односи, член 112, став 7 е превидено ако работникот нема можности да ја врши работата поради виша сила, а за да не настане престанок на работниот однос, работодавачот може да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата.

Во Законот не се пропишани други услови и дефинирање на поимот виша сила.

За поимот „виша сила", во правната литература е познато дека настанува од надворешни влијанија кои не можат да се предвидат, не може да се избегнат или отстранат од страна на работодавачот.

Со други зборови, оваа ситуација не зависи од волјата на субјектот на кој настан истиот би можел да влијае.

Согласно наведеното, а имајќи ги предвид неколкуте одлуки на Владата, со кои целосно се забрани работата на правните субјекти во одредени дејности, а заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД - 19, потребно е истата ситуација да се смета како виша сила. Во тој случај, за да не престане работниот однос на работниците, работодавачот може да ја користи одредбата од членот 112 став 7 и на работниците за периодот додека не постојат можности за работа (поради одлуките на Владата) да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата.

И во двата случаи на примена на наведените одредби од Законот за работните односи, интерес имаат и работниците и работодавачите. Со тоа работниците ги задржуваат работните места, а работодавачите ќе имаат можност да ги користат мерките на Владата за различните видови на поддршка под различни услови и критериуми утврдени со соодветните уредби со законска сила.

Во ваква ситуација, сите подеднакво, во рамките на нашите можности треба да придонесеме за справување со проблемот, вклучувајќи го и предизвикот за опстанок на пазарот на трудот.

ВРЕДИ: Изборните манипулации на ДУИ потврдени од ДИК

Вчера со одлука на Државната изборна комисија уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. 

Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата ВЛЕН поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во Избирачко Место 0387Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт.

Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владењето, незаконски ја нарушил и искривилволјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Ликово и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отварање накутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат.

Албанците на 8 мај ја добија слободата и денеска дишат слободно. ДУИ оди во опозиција и со користење на државниот апарат повеќе нема да може директно да влијае на изборниот резултат. Време е за одговорност, за влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе гарантира забрзан економски развој и европска интеграција.Нарушувачите на волјата на народот и изборниот резултат,ќе сносат одговорност и ќе одговараат пред органите на правдата.

Седуммесечно бебе починало во охридската болница „Свети Еразмо“, било донесено со тешки повреди

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.

Полицијата денеска соопшти дека рано изутринава во 01:04 часот во СВР - Охрид било пријавено дека во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое вчера попладне околу 16 часот било донесено во болницата од неговата мајка.

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, додаваат од СВР - Охрид.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

Грција: Нов закон за превоз на автомобили со траект, еве што опфаќа

Доколку летово планирате патување во Грција, треба да обрнете внимание на новиот закон кој се однесува на возилата на кои им е дозволен влез во земјата.

Како што објави специјализираната веб-страница „Nikana.gr“ на социјалните мрежи, стапи на сила нов закон на Министерството за поморство и крајбрежната стража за превоз на автомобили со траект.

Новиот закон, велат тие, се однесува на електрични и хибридни возила, како и возила кои користат други алтернативни горива, како течен или природен гас.

Од безбедносни причини, батериите на електричните и хибридните возила не смеат да се полнат повеќе од 40 отсто од вкупниот капацитет.

Контролата на температурата е исто така задолжителна, а забрането е полнење на батериите на брод или траект, се наведува на веб-страницата „Nikana.gr“.

Исто така, се додава, за автомобилите што користат течен или природен гас, законот налага резервоарите да не се полнат повеќе од 50 отсто од вкупниот капацитет.

Причината за овие мерки, се наведува, е што пожарите на контејнерските бродови и траектите се гаснат со јаглерод диоксид, но овој метод не функционира на електричните автомобили.

Извор: Б92

притисни ентер