Виси од врати на најскапите автомобили само за да добива лајкови (ВИДЕО)

Некои се здобиле со популарност со достигнувања кои го облагородиле светот, а за некои целта е само да добијат повеќе лајкови.

Меѓу вторите е Кристоф Зицман, кој продава и изнајмува егзотични автомобили, а во слободното време очигледно сака да привлекува внимание. Неодамна учествуваше на „Go Luxury Summer Tour 2022“, а како што веќе најавува името, придружник му беше Bugatti Chiron.

Од само нему познати причини, дошол на идеја да виси до вратата од автомобилот. Ситуацијата ја зачинил со тоа што го правел над канал. И ова не му е прв пат. Иако е тешко да се извлече поука од виденото, нема сомнеж дека дизајнерите навистина размислувале за јачината на секој дел од возилото, вклучувајќи ја и рамката на вратата. Секоја штета што би била предизвикана од ваква вежба секако не би била вклучена во гаранцијата, а поправката би била скапа за сопственикот, како и сѐ што е на тој автомобил.

Ако малку го проучите Зицман на социјалните мрежи, ќе забележите дека ова не е изолиран случај. Очигледно е дека има фетиш на вратите на егзотичните автомобили, па е снимен кога прави вежби на Ролс Ројс, но и седи на вратата на Вејрон. Судејќи по бројот на посети, ваквите вежби дефинитивно имаат големо влијание врз популарноста на неговите профили.

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер