Видео: Водоводна цевка „експлодира“ во центарот на Киев

Се подигна земјата и голема маса вода еруптираше во центарот на Киев, вознемирувајќи ги жителите на украинската метропола.


Подземна водоводна цевка не го издржа притисокот и буквално експлодира, претворајќи кварт во Киев во вистинско езеро.ж

Инцидентот го регистрирале надзорните камери, а според локалните жители, млазот вода се издигнал до седмиот кат од зградата, покрај која се случила хаваријата. Не е позната причината за пукањето на цевката..


Раперот Ар Кели доби уште 20 години затвор

Американскиот суд ја потврди 20-годишната затворска казна за раперот Ар Кели за сексуално злоставување деца, пишува Гардијан.

Ар Кели беше прогласен за виновен по три точки за детска порнографија и три точки за наведување на малолетник за секс.

Поротниците го ослободија по седум од 13 точки од обвинението дури и откако ги прегледаа снимките за злоупотреба. Тој беше ослободен по четвртата точка од обвинението за детска порнографија, по три точки за заговор за примање детска порнографија, по две точки за поттикнување малолетно лице на секс, а поротата одлучи дека не ја попречувал правната постапка што се водела против него во 2008. и за детска порнографија, пренесува Б92.

Инаку,во јуни 2022 година, по повеќе од две децении обвинувања за сексуална злоупотреба и поткуп, Кели беше осудена на 30 години затвор за водење на синџир за проституција и рекетирање.

Девет жени и двајца мажи детално опишале како Кели сексуално ги злоставувала и понижувала.

Раперот беше прогласен за виновен во 2021 година, а сведоците рекоа дека жртвите се надевале дека тој ќе им помогне во нивните кариери, а всушност од нив барал апсолутна послушност.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

притисни ентер