Откако беа забранети рекламите за „BMW xDrive“, „BMW i3“ и „Ford Mustang“, истата судбина го снајде и јапонскиот производител, поточно неговата реклама за моделот „Toyota Hilux“.
Одлуката за забрана на рекламата наиде на различни мислења: има модели на теренски „Hilux“, што е главната причина, а се чини дека забраната дојде по само една жалба.
Имено, кампањата наречена „Adfree Cities“ се пожали на оваа реклама наведувајќи дека е „промовирање на однесување кое е штетно за животната средина“.
Најверојатно, работата е во тоа што „стадото“ на „Hilux “се движи надвор од патот, прво низ некаква нива, а потоа низ плитка река, за на крај да застане на приватен паркинг.
„Toyota“ вели дека рекламата „ги прикажува можностите на моделот „Hilux“, дека е „имагинарна ситуација“ и дека „верува дека ниту еден разумен гледач нема да смета дека ова е покана за уништување на околината“.
Погледнете ја рекламата подолу и најдобро е да оставите простор да направите сопствена проценка за потегот на „ASA“ во овој случај.