Еден корисник на Редит подели запис покревајќи еден куп коментари од престрашени луѓе, а потоа објасни за што всушност станува збор.
Повеќето деца, особено додека се мали, се плашат да спијат сами во својата соба. Дури и кога нивните родители ќе ги убедат дека е безбедно, тие се будат навечер врескајќи и зборуваат за некакво чудовиште кое стои до нивниот кревет. Овие сеќавања остануваат и кога ќе пораснеме, но тогаш знаеме дека чудовишта не постојат, па делумно ни е полесно, иако поединци признаваат дека сè уште имаат непријатно чувство и се згрозуваат кога ќе се сетат на тие „привиденија“.
Еден човек сподели застрашувачко видео на Редит од „човекот - сенка“ за кој тврди дека стоел покрај неговиот кревет од детството. Морничавата сенка ја снимил со помош на специјални камери, а самото видео предизвика страв и многумина ги потсети на нивните кошмари од дамнешни времиња. Објавата на Редит наиде на бурни реакции, а многумина се огласија тврдејќи дека нешто слично доживеале во своето детство.
На видеото се гледа како некој речиси спие во својот кревет, неговите очи се отвораат и затвораат. И тогаш покрај креветот се појавува мистериозна фигура, која се приближува и се наведнува над личноста која спие во креветот.
- Како дете го гледав ова суштество-сенка покрај мојот кревет. Еве како изгледаше - стои во објавата која е прикажана со ова морничаво видео.
Иако се работи за видео што ја леди крвта, еве за што се работи.
Парализата при спиење е состојба која се јавува при заспивање или будење и во која личноста е свесна, но нејзиното тело е целосно парализирано. За време на оваа епизода, лицето може да халуцинира, што често резултира со страв.
На ова сугерираа и поедини корисници на мрежата кои имале слично искуство.
- Не грижете се, ова е само парализа во сон во 99 % од случаите, тоа е прилично вообичаено и многу е страшно да се доживее, особено ако сте дете и не сфаќате што се случува.
- Сум доживеала парализа при спиење и сум го видела ова. Отсекогаш се прашував зошто сите ја гледаме оваа фигура-сенка? Би можело да биде било што друго, но секогаш е во фигура-сенка...
- Јас гледав пајаци како лазат по ѕидот, вонземјани кои ми влегуваа низ прозорецот и џелат кој изгледаше како човек со секира, како и други стандардни демони од темнината.
-Ми се случи еднаш и бев многу исплашен. Очите ми беа отворени, и се разбудив во истата положба и изгледаше како фигурата штотуку да исчезнала.
- Се наежив гледајќи го ова видео, повторно се чувствувам како дете. Ова беа моите најлоши кошмари - беа само дел од коментарите на ова ужасно видео.
As a kid I used to see this shadow person at the foot of my bed. I have recreated it in CG to show what it was like.
byu/RMangatVFX inGhosts