Видео: Ново руско оружје, предизвикува халуцинации, гадење и заслепува!?

Руската воена морнарица доби ново моќно, но не смртоносно оружје, кое со своите перформанси е неспоредливо со секое друго.

Холдингот „Роселектроника“ кој влегува во составот на државната корпорација „Ростех“ потврдил дека започнала да ја снабдува руската морнарица со визуелно – оптичка станица за правење пречки „5П – 42 Филин“. Станица оружје која е во состојба привремено да ги заслепи непријателските војници, поради што тие ги промашуваат целите , предизвикува халуцинации и нагон на повраќање кај противникот.

Во моментов со вакво оружје располага фрегатата „Адмирал Касатонов“ кој се уште е во фаза на тестирање, исто како и фрегатата „Адмирал Горшков“.

Ваква опрема ќе биде инсталирана на уште два брода од проектот 22350.

Новото оптичко оружје функционира на тој начин што во услови на слаба видливост и ноќе на противничките системи за ноќно следење и на човечкото око со испуштање на нискофреквентни бранови предизвикува пречки и им прави проблеми во видливоста.

За време на тестирањето доброволци со пушки, снајпери и митралези, гаѓале цели заштитени со новото оружје на оддалеченост од околу 2 километри. Сите тие имале проблеми со нишанењето поради „тоа што не можеле да ја видат целта“.

Секој петти доброволец рекол дека имал халуцинации, а околу половина од доброволците навеле дека биле дезориентирани, и дека имале гадење и им се вртело во главата.

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер