Видео: Млад Русин тврди дека во „минатиот живот“ живеел на Марс?!

Момчето кое и стана познато на јавноста уште како бебе, кога со само неколку месеци можеше течно да зборува и пишува сега има 21 година и тврди дека е Марсовец кој повторно се родил на Земјата и дека вонземјаните се бесмртни, високи 215 сантиметри и дишат јаглен диоксид.

Младиот Боришка Кипријанов тврди дека во претходниот живот живеел на Марс се додека не започнала војната која го уништила живото на планетата.
Родителите на Боришка истакнуваат дека нивниот син зборува за вознемјани и нивните цивилизации уште од мали нозе, кога бил дете иако никој не му зборувал за такви теми.

Боришка вели дека ја посетил Земјата кога работел како пилот на Марс и дека имал блиски врски со Египќаните. Дури тој предвидел и дека живото на Земјата многу ќе се измени кога ќе се „отклучи“ Големата пирамида користејќи го механизмот кој се наоѓал зад неговото уво.

21 годишниот Боришка во моментов живее во Вогоград, а неговата појави предизвикува големо внимание кај теоретичарите на завери кој не ја отфрлаат неговата сторија. Дури велат дека го испитувале Боришка за живото на Марс и дека тој им кажал дека Марсовците живеат до 35 години и дека потоа се бесмртни. Сепак , според него една голема катастрофа го уништила живото на Марс, нуклеарна војна.

-Немам страв од смртта , поради тоа што живееме вечно. Се случи една голема катасрофа додека живее на Марс. Луѓето како мене и понатаму живеат на Марс. Меѓу нив изби нуклеарна војна , се изгоре. Само неколкумина преживеаја. Сега изградија нови домови и направиле ново оружје, изјави Боришка.
Контроверзниот Русин, тврди дека марсовците се високи 215 сантиметри и дека може да дишат јаглерод диоксид, но и дека тие сеуште живеат на планетата но под земја. Воедно тврди дека нивната цивилизација е многу напредна и дека може да патуваат до други галаксии.

Мајката на Боришка вели дека нејзиниот син уште кога имал само неколку месеци можел да чита и пишува и дека на една година читал весници, а на две години цртал и пишувал.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер