Денот почна како и секој друг - (трагичниот) јунак од нашата приказна станал рано наутро и тргнал на работа, но кога стигнал до својот автомобил, го дочекало непријатно изненадување.
Поточно, го чекало непријатно изненадување со пречник од половина метар, бидејќи толкава била дупката на покривот на неговиот автомобил Рено Клио.
Французинот веднаш се јавил во пожарникарската служба и пријавил што се случило, со оглед на тоа што од возилото се уште извира чад, а тие на крајот заклучиле дека автомобилот бил уништен од метеорит кој паѓал, како што пренесува францускиот AFP.
По пристигнувањето на полицијата на местото на настанот дури била пронајдена и помала грутка (со дијаметар од околу 50 см), која била испратена на дополнителни тестови за да се утврди дали дошла од вселената и дали е причина за оваа несреќа.
Сè на сè - предметот што удрил во Реното многу брзо паѓал, бидејќи ги пробил покривот, подот и резервоарот. Не знаеме за вас, но едвај чекаме да видиме што открива анализата.