-Во контекст на жестоката војна што се води во Украина, ваквите вежби само водат до натамошна ескалација на тензиите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руските медиуми, додава германската агенција.
Во последните 2,5 години Русија постојано спроведува свои нуклеарни маневри и се заканува дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку се преминат одредени црвени линии.
НАТО ја започна својата вежба „Steadfast“ денеска на пладне, што ќе трае во следните две недели и на која учествуваат околу 2.000 војници и офицери од осум воздушни бази.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна нареди промена на нуклеарната доктрина на земјата која ќе дозволи употреба на нуклеарно оружје дури и доколку Русија се почуствува загрозено од употребата на конвенционално оружје.
Овој потег има за цел да го одврати Западот да и дозволи на Украина да го користи испорачаното оружје со долг дострел за напади врз воени цели длабоко во Русија.
Песков рече дека Русија смета дека се неопходни преговори за намалување на потенцијалот за нуклеарно
-Меѓутоа, бидејќи нуклеарните сили САД, Велика Британија и Франција во моментов се вклучени во војната поради нивното снабдување со конвенционално оружје за Украина, тоа е невозможно, рече тој.
Во минатото, Путин предупредуваше на нова трка во нуклеарно вооружување и предложи разговори меѓу големите нуклеарни сили за нови иницијативи за разоружување, потсетува ДПА.