Видео: „Lancia“ претстави ново лого и футуристички дизајн

„Lancia Design Day“ откри што можеме да очекуваме од познатата италијанска марка во иднина.

„Lancia“ и нејзината судбина со години се обвиткани во црн превез, кој го навестуваше блискиот крај на овој бренд. Некогаш познатиот бренд се сведуваше на само еден мал и застарен модел (Ипсилон), и немаше знаци дека работите може да се подобрат.

И тогаш пристигна „Stellantis“ и одлучи „Lancia“ да остане, како премиум бренд што ќе произведува исклучиво електрични автомобили.

Првиот чекор кон таа цел се случи во понеделникот.

„Lancia Design Day“ не го откри дизајнот на новите модели кои ќе пристигнуваат на секои две години почнувајќи од 2024 година. Се мисли на моделите „Ypsilon“, „Aurelia“ и „Delta“.

Не, „Lancia“ откри скулптура со име „Pu+Ra Zero“ и најави нов стил на дизајнирање.

Како што сугерира името, комбинација од чистота (Pure) и радикален (Radical) пристап, а дизајниран е од „Lancia Centro Stile“.

Жан-Пјер Плуе го предводи тимот кој создаде нов дизајнерски израз „за следните 100 години“.

„Lancia“ се здружи и со производителот на мебел „Cassina“, но се уште не е јасно каков ќе биде резултатот од нивната соработка.

Наводно, заеднички ќе ја дизајнираат внатрешноста на идните автомобили и ќе применат некои детали од моделите „Gamma“, „Thema“ и „Flavia“.

Уште поинтересен е концептот „Pu+Ra Zero“, во кој многумина ги гледаат контурите на идниот „Stratos Zero“.

„Lancia“ го претставува и новото лого на брендот. Како и кај конкуренцијата, трендот е јасен - да се поедностави дизајнот до самите основи.

Впрочем, ова е „Lancia“, а тоа значи дека од сината боја нема лесно да се откаже.

Ова е осма верзија на логото во 116-годишната историја на брендот, а прв ќе ја носи новиот „Ypsilon“ од 2024 година.

Логото го задржа обликот на штитот, а е изработено од алуминиум. Во центарот на означениот круг е името на брендот со нов фонт, а вертикалната линија е таму како потсетник на амблемот од 1957 година.

Потсетуваме дека новиот „Ypsilon“ доаѓа во 2024 година, а топ моделот на брендот – „Aurelia“ - во 2026 година. Тоа ќе биде електричен кросовер, најелитниот модел на италијанскиот производител.

Конечно, во 2028 година, „Delta“ се враќа.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер