ВИДЕО: Кежаровски излезе од притвор

Околу 18 часот и 45 минути со полициски ландровер новинарот Томислав Кежаровски излезе од затворот во Шутка.

Со полициска придружба се упати кон својот дом испратен со блицеви од фотоапаратите. Кежаровски отпоздрави кон колегите кои го чекаа надвор.

Семејството добрата вест ја слушна 2 часа претходно од колегите на Кежаровски. Дојдоа пред затворот во Шутка возбудени дека по 6 месеци повторно ќе го видат Кежаровски во својот дом.

-Шокирана сум, благодарам до сите вас кои го подржувавте, благодарност и до судот кој еве направи мала промена во случајот и попушти. Последен пат го видов пред два дена, уште е разочаран од пресудата не му се верува, рече сопругата Марина Кежаровска.

Кежаровски веќе 6-ти месец е во притвор. И покрај протестите и барањата за гаранција со имот, судот остануваше на својата одлука тој да остане во Шутка. Филип Медарски, адвокатот на новинарот рече дека барал да му се замени притворот во Шутка со домашен притвор поради влошената здравствена состојба на Кежаровски.

Пред три недели Кежаровски во рамките на процесот за случајот Ликвидација беше осуден на првостепена казна од 4 и пол години затвор поради откривање на идентитет на заштитен сведок во новинарски текст. Пресудата предизвика протести и меѓународни реакции.

Пресудата уште не е напишана и дадена на адвокатите на Кежаровски и останатите од групата, а судот кој првично го остави новинарот во Шутка денеска одлучи да ја смени таа мерка со домашен притвор.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

притисни ентер