Видео: „ID Buzz“ заработи пет ѕвезди пред воведување на новите правила

Електричниот „Volkswagen ID Buzz“ е еден од автомобилите што добија пет ѕвезди на најновиот тест на „Euro NCAP“, последниот круг на тестирање на организацијата пред да стапат на сила новите регулативи следната година.

„ID Buzz“ постигна 92% за заштита на возрасни патници, 87% за деца и 90% за безбедносна помош, со 60% за ранливите учесници во сообраќајот, пишува „Autoblog“.

„ID Buzz“ беше конкуренција со „Lucid Air“, кој исто така доби пет ѕвезди. Електричниот седан со голема моќност произведен во Соединетите Држави постигна 90% за возрасни, 91% за деца, 78% за ранливите учесници во сообраќајот и 85% за неговите системи за безбедносна помош.

Електричниот „MG 4“ ја засили својата привлечност со пет ѕвезди, постигнувајќи 83% за заштита на возрасни, 80% за деца, 75% за ранливи учесници во сообраќајот и 78% за безбедносна помош.

„Land Rover Discovery Sport“ постигна 84% за возрасни патници, 89% за деца и 85% за безбедносна помош. Теренецот исто така постигна 71% за ранливите учесници во сообраќајот.

Механички идентичните „Volkswagen Amarok“ и „Ford Ranger“ добија 84% за возрасни, 90% за деца, 74% за ранливи учесници во сообраќајот и 84% за безбедносна помош.

Другите премиум теренци, како што се новите „Lexus RX“ и „Mercedes GLC“, исто така, добија максимална оцена со пет ѕвездички.

Арсовска: Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Во изминатите две години покажавме дека со упорност и покрај блокадите може да се наметнат системски промени кои од корен ги менуваат градските институции.

Затоа Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Успеавме да ги намалиме непродуктивните трошоци, единствено не ги згаснавме светлата на улиците сред најголемата енергетска криза, ги консолидираме јавните претпријатија.

Први и единствени се боревме повеќе да нема лица кои не одат на работа, а земаат плата. Успеавме да откриеме стотици такви случаи за кои останатите институции сега треба да превземат мерки за враќање на парите кои ги земале.

За Македонија која ќе се базира врз право и правда неопходно е да се спроведат системски реформи:

-Целосно чистење на институциите од оние кои не одат на работа, а сепак земаат плата

-Воведување системска дигитализација со која човечкиот фактор и влијание при избор на вработување ќе се елиминира

-Со ветинг во сите јавни институции да се детектираат злоупотребите на позициите и за истото да следат највисоки санкции

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Садик Кан третпат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на конзервативната партија.

Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

„Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, кој е и првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

притисни ентер