Во живо

последно ажурирање на 5.2018

Видео- Фото: Принцот Хари и Меган се венчаа!!

Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл се венчаа денеска во капелата во дворецот Виндзор, точно на пладне.

на 5.201814:29

Церемонијата на венчавањето заврши. Меган и Хари излегоа пред капелата и се бакнаа, со громогласен аплауз на присутните

на 5.201813:47

Принцот Хари и Меган Маркл ја положија заклетвата.

По песната „Stand by me",која ја изведе црковниот хор, следуваше положувањето на заклетвата , а потоа и стевањето на бурмите.

Бискупот Кери одржа емотивен говор за љубовта,, но и човековите права, бискупот зборуваше и за времето на робовладетелството, за Мартин Лутер Кинг. Меган инаку, е првата личност од афроамериканско потекло која станала член на британското кралско семејство.

на 5.201813:44

Хари и Меган го кажаа судбинското „ДА“.

на 5.201813:39

Хари и Меган се веќе пред олтарот.

на 5.201813:31

Принцот Чарлс во отсуство на нејзиниот татко кој се рехабилитира од операцијата на срцето, ја испрати Меган до олтарот.

на 5.201813:28

Кралската венчавка веќе започна. Свадбената церемонија се одржува во црквата во која е крстен принцот Хари.

Точно во 13 часот, пристигна и невестата американската актерка Меган. Венчаницата е долга, со долги ракави. Меган на глава носи тијара подарок од кралицата.

на 5.201812:52

Секако стигнаа и двајцата најважни, младоженецот и кумот. Принцовите Хари и Вилијам двајцата облечени во униформа на британската коњица.

на 5.201812:51

на 5.201812:49

Кон замокот тргна и невестата Меган во друштво на својата мајка.

на 5.201812:35

Меѓу бројните гости на свадбата на хари и Меган неочекувано за јавноста се присутни и две поранешни девојки на принцот.

Во елегантен син фустан се појави Челзи Дејви.

Во капелата пристигна и екс девојката на принцот Кресида Бонас .

на 5.201812:29

Инаку целото има на Хари е Хенри Чарлс Алберт од куќата Виндзор. Принцот Хари има 33 години и ова му е прв брак.

Целото има на актерката Меган е Рејчел Меган Маркл, има 36 години и веќе била во брак со актерот Тревор Енглсон, нивниот брак завршил во 2013 година.

на 5.201812:26

На церемонијата во дворецот Виндзор се и Том Харди и Шарлот Рајли.

Редовен гостин на кралските венчавки е и легендарниот пејач Елтон Џон со Дејвид Фурниш.

на 5.201811:32

Свечената церемонија на лице место ќе ја следат 600 специјални гости на младенците, а преку ТВ екраните венчавката на годината ќе ја следи целиот свет.

Последните подготовки пред денешната венчавка завршија вчера, а пробното возење со кочијата го привлеко вниманието на неколку стотици луѓе. Кралската двојка предвидената траса ја поминала во автомобил во придружба на полицијата.

Инаку околу дворецот Виндзор веќе на силе се засилени безбедносни мерки.

Во елитниот дворец веќе пристигнуваат гостите од светскиот шоу бизнис на церемонијата меѓу кои се англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам со сопругата Викторија.

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни со сопругата Амал.

Водителката Оопра Винфри.

Родителите на принцезата Кејт Мидлтон.

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс:

Музичарот Џемјс Блант со поубавата половина.

Ужас во САД: Ја убил сопругата, зашто не можел да ги плати болничките трошоци

Маж од Мисури, обвинет за убиство со задавување на својата сопруга во болница, рече дека го направил тоа затоа што не можел да ѝ ги плати медицинските сметки, соопшти полицијата во соопштението за печатот.

Наводно, Рони Вингс ѝ рекол на полицијата дека ја задавил сопругата и ѝ ги покрил носот и устата за да не вреска.

„Таа беше во болница каде добиваше нова терапија за дијализа“, рече детективот Тод Винборн.

Винборн рече дека Вингс го признал убиството откако му биле прочитани неговите права.

Во петокот, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден за срцев удар на пациентката околу 20:30 часот по локално време. Тие ја пронашле жртвата која не дишела и немала пулс, се вели во соопштението.

Жената не беше прогласена за мртва во тоа време, но немала функција на мозокот, што го натерало медицинскиот персонал да ги прекине сите мерки за спасување живот, се вели во соопштението.

Тој додава дека тогаш медицинските работници го слушнале сопругот на жртвата како го признава убиството.

„Јас го направив тоа, ја убив, ја задавив“, повторил тој.

Вингс на крајот во болницата бил уапсен од полицаец кој не бил на должност.

Во соопштението се вели дека Вингс признал дека ја задавил својата сопруга, ѝ ги затворил носот и устата за да не вреска, а потоа ја напуштил болницата.

Подоцна се вратил со братучед.

Според соопштението, Вингс му рекол на полицаецот дека се обидел да ја убие жената уште два пати додека била во болница, додавајќи дека бил во депресија и ја убил бидејќи не можел да ги плати болничките сметки.

Тој се соочува со обвинение за убиство од втор степен и е задржан со кауција од 250.000 долари.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 30 години или доживотен затвор.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

притисни ентер