Видео: Филмско киднапирање на бизнисмен во центарот на Москва

Руската полиција објави снимка од филмското киднапирање на бизнисмен во центарот на Москва , кое завршило со шокантен пресврт!

Бизнисменот Вјачаслав Васјуков бил киднапиран во центарот на Москва во неделата вечер.

Тројца киднапери го извлекле бизнисменот од неговото „порше“ по што го префрлиле во нивната „лада“

Киднаперите побарале откупнина од 20 милиони рубљи, што е околу 300 000 евра. Васјуков успеал да се договори со киднаперите да им даде милиони рубљи и два автомобила.

Меѓутоа, кога киднаперите пристигнале пред домот на Васајков за тој да ги земе парите, бизнисменот успеал да им побегне на киднаперите во својата гаража, каде бил неговиот мерцедес со кој потоа се забил во автомобилот на киднаперите. Васајков кој во мерцедесот имал и оружје почнал и да пука кон ладата на киднаперите.

Гужвата го привлекла вниманието на случајните минувачи кои веднаш ја повикале полицијата, која успеала да уапси еден од тројцата киднапери кој се им признал.

СМИР ги повика Македонците на Косово да се попишат како што се - Македонци

Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР, уште еднаш  ги повикува  Македонците во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, на пописот на населението кој е во тек,  да се попишат како Македонци.

Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР, уште еднаш ги повикува Македонците во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, на пописот на населението кој е во тек, да се попишат како Македонци, со мајчин македонски јазик, вероисповед муслимани.

- СМИР ги повикува и сите Македонци од Гора, Призренска Жупа и Косово, кои живеат и престојуваат во Македонија, да се потпишат на Косово како Македонци со мајчин македонски јазик и вероисповед муслимани, за тоа да ги известат и своите роднини во Гора, Призренска Жупа и Косово, стои во повикот потпишан од Латиф Пајкоски, претседател на СМИР.

Се потсетува дека, Македонија во 2001 година издаде околу 15.000 македонски државјанства во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, врз основа на своерачно потпишани изјави на месните жители дека се етнички Македонци чиј мајчин јазик е македонскиот јазик.

- Жителите на областа Гора и Призренска Жупа, не се ништо друго, освен етнички Македонци, независно дури и од албанизацијата во некои села на Призренска Жупа, се наведува понатаму во повикот.

Се посочува дека „тие се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од македонскиот народ и неприфатливи се сите обиди за нивна денационализација и асимилација во Бугари, Срби, Албанци, Бошњаци или Турци“.

- СМИР ја осудува Владата во Софија, која врши агресија врз Македонците во областа Гора и Призренска Жупа, на Косово, во намерите на пописот да се попишат како етнички Бугари, иако етнички Бугари на Косово никогаш во историјата немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Албанија и Македонија, стои во повикот.

Огромен пожар пустоши низ Канада, жителите на Алберта се подготвени за евакуација (ВИДЕО)

Најголемиот шумски пожар во сезоната продолжи да гори низ западна Канада додека пожарникарите се обидуваат да го спречат неговото ширење, властите евакуираа град во Британска Колумбија .

Најголемиот шумски пожар во сезоната продолжи да гори низ западна Канада додека пожарникарите се обидуваат да го спречат неговото ширење, властите евакуираа град во Британска Колумбија и ги советуваа жителите во нафтениот центар Алберта да се подготват за бегство.

Властите во Алберта објавија дека шумскиот пожар бил екстремен и неконтролиран и дека достигнал 16 километри југозападно од Форт Мекмареј. Во Британска Колумбија, на илјадници жители на северните карпести планини и Форт Нелсон им било кажано да се евакуираат.

Градоначалникот на северните Карпести планини, Роб Фрејзиер, изјави дека пожарот избувнал кога силните ветрови урнале дрво на далновод.

Пет противпожарни екипи, шест хеликоптери и цистерни за вода се бореле вчера со пожарот, додека пониските вечерни температури би требало да го забават шумскиот пожар, соопштија властите во Алберта.

Иако немало директен ризик за заедниците, известувањето за евакуација било да се подготват жителите доколку условите се влошат.

Федералната влада предупреди дека Канада се соочува со уште една „катастрофална“ сезона на шумски пожари бидејќи временските прогнози предвидуваат потопли од нормалното пролетни и летни температури низ поголемиот дел од земјата.

Канада доживеала една од најтоплите зими со малку или без снег во многу области, што ги зголемиле стравувањата од топло лето кое може да предизвика шумски пожари предизвикани од суша.

Во 2016 година, повеќе од 80.000 луѓе го евакуираа Форт Мекмареј откако шумски пожар уништи илјадници домови и згради.

Спектакуларен пречек на хрватскиот претставник на Евровизија во Загреб (ВИДЕО)

Baby Lasagna објави на Инстаграм по дочекот во Загреб.

Тој објави видео од плоштадот Бан Јосип Јелачиќ каде денеска го пречекаа илјадници луѓе откако вчера го освои второто место на Евровизија, објави Индекс.

"Не знам што да кажам и како да ви се заблагодарам. Донесовте толку многу среќа, радост и гордост во моето срце, моето семејство и мојот тим. Ви благодарам не е доволно, но додека не најдам нешто подобро - благодарам“, напиша 28-годишниот музичар.

Да потсетиме, Лазања за публиката на главниот плоштад во Загреб двапати ја отпеа Рим Тим Таги Дим, а публиката пееше и играше со него. Бејби Лазања покрај хрватската делегација на сцената изјавил дека сè направил сам.

„Што да кажам сега? Очекував 20 луѓе на аеродромот и тука околу сто... Не знам што да ви кажам. Ви благодарам многу... Се надевам дека сте задоволни. Дадовме сѐ од себе. Вие очигледно го препознавте тоа. Благодарение на мојот тим, ние сме деца, никој нема повеќе од 33 години... Сами направивме сè. Докажавме дека можеш да достигнеш одредено ниво.“

притисни ентер