Видео: 149 коша на шампионот Голден Стејт, рекордни 14 тројки на Клеј Томпсон

Кошаркарите на НБА шампионот Голден Стејт одиграа нов неверојатен меч во најсилното светско првенство. Посебно импресивен беше  бекот Клеј Томпсон кој го собори рекордот во број на постигнати тројки на својот соиграч Стеф Кари.

Неверојатниот Томпсон уште еднаш покажа и докажа дека е еден од најдобрите шутери во историјата на лигата. Клеј имаше 14 погодени тројки од 24 обиди.

Во убедливиот триумф на Голден Стејт над Чикаго со 149 – 124 Клеј Томпсон постигна 52 поени за само 27 минути игра , 36 од нив ги постигна во првото полувреме. Клеј Томпсон беше посебно импресивен во шуто за три поени со 14 погодени тројки со кои го мина досегашниот рекордер Стеф кари кој имаше погодено 13 тројки на еден натпревар. Само во првите две четвртини Клеј имаше погодено рекордни 10 тројки. Инаку и целиот тим на шампионот одигра фантастични 24 минути во првиот дел Томсон, Кари, Дурент и останатите постигнаа неверојатни 92 поена.

Овие 92 поени постигнати во едно полувреме се второто најдобро остварување во историјата на НБА лигата по она на Феникс во 1990 година кога Сонцата го наполнија кошот на Денвер со 107 коша за 24 минути , во тој меч Феникс го доби Денвер со 173 – 143.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во посета на Франција, при што францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да се договори со него за намалување на трговскиот дисбаланс и да влијае врз него да го искористи своето влијание врз Русија во врска со војната во Украина.

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Франција ја поддржува истрагата на Европската унија за извозот на електрични возила од Кина, а во јануари Пекинг почна истрага за увоз на бренди, кој главно се произведува во Франција, што се смета за контрамерка на зголемениот број европски истраги.

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

 Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.

притисни ентер