Вести на Канал 5 во 18, 20.12.2024

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Во џебовите на убиецот од Цетиње биле пронајдени 80 куршуми

Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Аце Мартиновиќ од Цетиње, кој е осомничен дека вчера во Црна Гора убил 12 сограѓани и ранил четворица.

Покрај муницијата пронајдена во неговите џебови, во шаржерот на пиштолот, неофицијално дознава „Вијести“, биле пронајдени и неколку куршуми со калибар 9 милиметри.

Мартиновиќ вчера злосторството го започнал во ресторанот „Велестово“ во близина на Спортскиот центар во Цетиње. По инцидентот меѓу него и гостин, тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица.

Потоа ги убил членовите на неговото семејство и две деца на возраст од 10 и 13 години на три познати локации. Откако полицијата го опколи, тој се застрела и почина при транспортот до Клиничкиот центар.

Мицкоски ќе оди во Вашингтон во време на инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 18 јануари заминува за САД, што се совпаѓа со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, која ќе се случи на 20 јануари... 

Два дена пред инаугурацијата на новиот претседател на САД Доналд Трамп, на 18ти месецов, македонскиот премиер Мицкоски ќе отпатува во Вашингтон. Во интервју за државната агенција МИА најави дека таму ќе оствари низа средби со високи функционери од американската администрација, кадешто пред стратешките партнери планирал да ги отвори важните теми за Македонија, пред се за евроинтеграциите.

„ Покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Навистина ќе имам квалитетни средби од тоа што е досега договорено со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон и очекувам да го привлечам вниманието и со поинаква оптика да гледаат кон Балканот. “

Премиерот вели дека е подготвен годинава да оствари средби и со високи бугарски претставници за да се разгледаат опциите за решавање на проблемите со соседите, сепак потенцира – не по секоја цена. Тој повтори дека одложеното дејство на уставните измени во Брисел сите го оценуваат како разумно и фер решение, но кочница е тоа што Бугарија нема стабилна политичка влада. Наместо да се европеизира, процесот на пристапување се балканизира, вели премиерот.

„ И тука е проблемот кај самата Европска унија затоа што наместо да се видат позитивните искуства од минатото, такво едно позитивно искуство беше спорот помеѓу Хрватска и Словенија и наместо на тој начин да се водат и овие билатерални спорови, кај нас што се случи – билатералиацијата стана алатка, односно наместо ние да станеме Европејци, Европејците станаа Балканци и тоа е најголемиот проблем сега кај нас. Практично, процесот на пристапување на преговори се балканизираше. “

Во однос на правосудството, Мицкоски останува на ставот дека треба целосно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, со оценка дека треба кадровско освежување за да се зголеми довербата во овие тела.

Убиени 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца, лекарите се борат за животите на четири лица

Дванаесет убиени, меѓу кои две деца и четворица повредени – ова е епилогот од масакрот кој вчера се случи во Цетиње, Црна Гора... 

Повеќечасовната опсада во Цетиње заврши. 45-годишниот Ацо Мартиновиќ, кој ја испиша најкрватата страница на масовни убиства во историјата на Црна Гора се самоуби по френетичната потера, за време на која целиот град беше практично под клуч.

12 убиени и четворица ранети е епилогот од злосторничкиот поход на цетинскиот автолакер, кој доцна синоќа беше лоциран и ставен во полициски обрач во близина на својот дом.

-Осомничениот се наоѓаше во безизлезна состојба, опколен од сите страни. Во моментот кога беше побарано да го положи оружјето, лицето си пукаше во глава. По здобиените повреди се обидовме да го транспортираме во клиничкот центар, но меѓувреме, им подлегна на повредите. , изјави Лазар Шчепановиќ директор на полициската управа

Новогодишниот масакр почнал вчера доцна попладнето, по жестока пијана кавга во локален ресторан во Цетиње. Егзекуторот под големо количество алкохол го напуша локалот, се враќа со пиштол и прво убива четворица, вклучително и газдата на ресторанот. Крвавиот поход го продолжува на уште четири локации. Сите жртви се негови роднини, кумови, блиски пријатели. Не ги поштедува ниту двете деца на сопственикот на локалот, на возраст од 10 и 13 години. Како што пишуваат регионалните медиумите, убива и двајца 35-годишни браќа, близнаци.

-Сите беа заклучени во домовите. Сите бевме во страв. Не знам дали пука неселективно или има зацртана цел. Беше лимар, фарбаше автомобили. Се однесуваше сосема нормално. , вели жителка на Цетиње

- Како може да биде после ова. Сите се шокирани. Никој ова не го очекуваше. , вели жителка на Цетиње

Мартиновиќ имал проблеми со законот и девијантно однесување. Бил насилен, осуден и за поседување на оружје, но никој не очекувал дека може да направи масакр од вакви размери. Црногорската влада го вклучи црвениот аларм.

-Ќе ги разгледаме сите опции, дури и целосна забрана на оружјето, и тоа ќе го земеме предвид. Ова е трагедија по која треба да се запрашаме, кој се може да има оружје во Црна Гора. Разбираме, спортско, ловечко оружје, но критериумите мора максимално да се заострат. , Милојко Спајиќ, премиер на Црна Гора

Во Црна Гора од денеска е прогласена три дневна жалост. Масовните злосторства не се непознати за Цетиње. Пред само две и пол години маж со ловна пушка уби 11 луѓе, а рани шестмина.

притисни ентер