Верстапен казнет , Леклер на пол позиција во Мексико

На Макс Верстапен му е одземена пол позицијата на трката на Формула 1 за Големата награда на Мексико , зашто не ја намали брзината кога биле истакнати знаменцата за предупредување за време на квалификациите.

Верстапен беше казнет со додавање на три места на пласманот и ќе ја започне трката од четвртото место.

На пол позиција ќе биде Чарлс Леклер од Ферари, веднаш до него Себастијан Фетел, а од третото место ќе стартува актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.

Верстапен не успори кога беа дигнати жолтите знамиња за предупредување откако возачот на Мерцедес, Валтери Ботас удри во оградата.

Пред Верстапен, Фетел забави, а по квалификациите рече дека тоа го чинело освојување на прво време.

Хамилтон го подобри времето во последното квалификациско коло, кога возеше зад Ботас, но забави во последниот круг кога беа истакнати жолтите знамиња.

Хамилтон би можел да победи на шестото првенство во Мексико, доколку постигна 14 поени повеќе од неговиот тимски колега Ботас.

Ботас ќе стартува од шестата позиција.

Трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико се одржува вечерва од 20.10 часот во Мексико Сити.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

 Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција.

Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1.

Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула.

За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

Свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово

Свечена промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, ќе се одржи денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, со почеток во 11:00 часот.

На промоцијата обраќања ќе имаат премиерот на техничката Влада Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и Сузе Трајковска, раководител на Центарот за обука на МВР.

Настанот ќе биде пренесуван и во живо на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи.

притисни ентер