Венгер го сака трофејот од Лига Европа

Арсен Венгер сака Арсенал да се врати брзо во Лигата на шампионите и тоа може да се случи преку Лига Европа.

Тимот од Лондон води со 2:0 против Милан пред реваншот од осминафиналето на турнирот, а трофејот ќе им обезбеди место во посилниот фудбалски турнир наредната сезона.

Венгер, сепак, предупреди дека Арсенал не треба да ги потценува Италијанците.

- Сакам да играме во Лигата на Шампионите. Лига Европа сепак е посилна од кога било и има многу силни тимови како Милан, Дортмунд и други. Многу нешта може да тргнат наопаку и ние треба да играме на начинот на кој нашите навивачи очекуваат да го правиме. Против Милан треба да играме така, сеедно што првиот натпревар завршил 2:0, изјави денеска Венгер на пресот пред утрешниот меч.

Арон Ремзи додаде дека победата над Милан во првиот натпревар ја зголемила самодовербата на фудбалерите.

- Имавме потреба од овој резултат, бидејќи во последно време се наоѓавме во лоша серија, а се трудевме многу на секој натпревар. Се надевам до крајот на сезоната ќе стануваме се подобри, изјави Ремзи./MИА

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

притисни ентер