Велковски е нов играч на Ријека

Дарко Велковски е нов играч на фудбалскиот клуб Ријека.

Велковски потпиша договор за три години со можност за продолжување за уште една година, а во Хрватска доаѓа од редовите на Вардар. Тој е и поранешен фудбалер на Работнички, а со двата тима го има освоено македонскиот шампионат.

- Градот е убав, луѓето се одлични, сите се насмеани. Стефан Ристовски ми кажа сѐ најдобро за Ријека, за клубот и навивачите. Исто така, ги знам Жута и Ристовски. Се надевам дека ќе ги оправдаме нашите очекувања и ќе освоиме трофеи во Ријека, изјави Велковски по потпишувањето на договорот, цитиран од клубот.

Тој се заблагодари за дадената шанса во тимот од Хрватска и изрази надеж дека ќе се вклопи во системот на тренерот и дека ќе напредува. /МИА

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер