Вејд: Сакав да го напуштам Мајами во 2010 година, но тогаш ми се јави Леброн

Двејн Вејд можеше да ги напушти Мајами хит во 2010 година. Според легендарниот кошаркар на Мајами, тој сериозно размислувал за опцијата да се пресели во Чикаго како слободен играч.

- Морам да кажам дека во тој момент сакав да го напуштам Мајами. Не верував дека некој што ќе го добиеме ќе ни помогне да го достигнеме нивото што ни треба. Не дека беа лоши играчи...а сепак не беа доволно добри. Во тоа време сакав да бидам дел од тим кој може да победува. Мислев дека тимот од мојот роден град (Чикаго) е способен да победи. Се враќам дома... Тоа беше моето размислување кога влегов на пазарот за слободни агенти. Но, тогаш ми се јави Леброн...“, изјави Вејд.

Во 2010 година, Хит ги здружи Вејд, Леброн Џејмс и Крис Бош, а тимот двапати ја освои шампионската титула во НБА-лигата./МИА

„Барт“ предизвика стотици откажани летови низ Британија, проблемот останува и утре (ВИДЕО)

Во текот на викендот, Велика Британија се соочи со последиците од бурата Берт, која донесе силен ветер и многу дожд.

Невремето сериозно го наруши воздушниот сообраќај во земјата, а стотици летови беа откажани во саботата и неделата.

Според податоците на аналитичката компанија Цириум, вчера биле откажани 126 појдовни летови од британските аеродроми, а откажани се и 118 дојдовни летови. Најголем број доцнења се забележани на аеродромот Хитроу, каде се откажани 46 полетувања и 48 пристигнувања.

Денеска проблемите продолжија. До 11 часот откажани се 121 појдовни и 117 влезни летови. Хитроу повторно беше најтешко погоден, со 88 откажани полетувања и 85 пристигнувања, додека југоисточниот дел на Англија го презеде најголемиот товар од невремето.

Според Метеоролошката канцеларија, бурата Берт се очекува да се повлече до крајот на викендот, но прекинот во воздушниот сообраќај ќе продолжи. Авиокомпаниите во наредните денови ќе работат на реорганизирање на нивните мрежи и преместување на авионите кои останаа надвор од планираните позиции.

На патниците кои планираат да патуваат во наредните денови им се препорачува редовно да го проверуваат статусот на нивниот лет со авиокомпаниите, бидејќи за утре се очекуваат дополнителни прекини.

Ужас во Романија: Бебиња изгореа во куќа- ридителите ја оставиле малата сестра да ги чува

Две деца на возраст од една и три години загинаа откако во нивната куќа во романскиот град Шучава избувнал пожар додека ги чувала нивната постара сестра.

Родителите биле надвор од куќата во моментот на трагедијата. За среќа девојката во последен момент успеала да се спаси, но за помалите браќа било доцна.

Куќата во која живееле главно била од дрво, што го отежнувало гаснењето.

„Ги слушнавме врисоците на децата, но не можевме да ги најдеме во пламенот. Жал ни е за сѐ што се случи“, рекол сосед кој бил сведок на страшната трагедија.

Веднаш ја известиле противпожарната служба, но не можеле многу да направат.

„Не можевме да се приближиме, пламенот беше огромен“, вели друг сосед.

Децата потекнуваат од социјално загрозено семејство и на секои две недели ги посетувале лица од Центарот за социјална работа.

Засега официјално не се знае како настанал пожарот, но се верува дека пожарот избувнал кога жар паднал од шпоретот.

Судија застрела натпреварувач во задникот (Вознемирувачко видео)

На натпревар во Полска, судијата, невешто ракувајќи со оружје, застрела 70-годишен натпреварувач кој дошол да се испроба на натпреварување за ветерани.

Судијата пукна од непосредна близина и го погоди несреќникот во задникот.

Итно бил пренесен на лекување, против судијата е поднесена кривична пријава за несовесно ракување со оружје и загрозување на живот, соопштија од полскиот спортски стрелачки сојуз.

Во соопштението се наведува дека натпреварот бил приватно организиран, а судијата кој носел елек со логото на Здружението не е нивен член.

притисни ентер