Вегани ,,печеле” куче на скара- минувачите во шок (ФОТО)

Со цел да ги натераат луѓето да не јадат месо , активистите на организацијата ПЕТА на улица во центарот на Сиднеј ,,печеле” куче на скара.

Веганските активисти во Австралија се обвинети за ,,плашење ученици “ откако среде Сиднеј протестираа на одвратен начин против консумирањето месо. На протестот на ПЕТА беше вклучен и модел на куче , кое изгледа како да е печено со цел да предизвика што поголема згрозеност кај минувачите.

Велат дека сакале луѓето да мислат ,,Ако не може да го јадете ова куче , зоштио би јаделе јагне?” .

Перформансот беше изведен во Сиднеј среде метежот пред одбележувањето на националниот празник на 26 јануари во сабота.

Ваквиот начин на протестирање наиде на многу противници , кои велат дека ПЕТА не можела да падне пониско , а голем број луѓе особено деца биле шокирани од глетката.

Русите тврдат дека влегле во Вовчанск, Украина негира, но оцени дека „ситуацијата е тешка“

Русија тврди дека нејзините сили влегле во градот Вовчанск во североисточниот дел на границата, во близина на вториот по големина град во Украина, Харков.

Украина потврди дека Русија денеска ги интензивирала копнените операции кон Харков, напаѓајќи нови области со мали оперативни, борбени групи за да го прошири фронтот и да ги истроши украинските сили, но не и дека руските војници влегле во Вовчанск.

Гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов оцени дека „ситуацијата е тешка“.

Според него, од петокот руските војници влегуваат во Украина во близина на Харков, отворајќи нов североисточен фронт во војната која се води главно на исток и југ речиси две години.

„Непријателот се обидува намерно да ја истегне линијата на фронтот, напаѓајќи во мали групи, но во нови насоки. Ситуацијата е тешка“, изјави гувернерот Сињехубов. /МИА

Четворица нови полски министри положија заклетва

Четворица нови министри денеска положија заклетва пред полскиот претседател Анджеј Дуда. Четворицата министри кои ги напуштаат функциите ќе бидат кандидати на изборите за Европскиот парламент.

Поранешната директорка на Националната уметничка галерија во Варшава „Зачета“ – Хана Врубљевска доаѓа на местото на министерот за култура Бартломеи Шенкевич.

На местото на Марчин Кервински министер за внатрешни работи доаѓа координаторот на разузнавачките служби, Томаш Шемониак, кој сега ќе ги комбинира двете места.

Јакуб Јаворовски ќе биде нов министер за државен имот, на местото на Борис Будка.

Министерствата за култура, внатрешни работи и државни средства се предводени од членови на партијата Граѓанска платформа на Туск.

Четвртиот министер – Кшиштоф Хетман, член на христијанско-конзервативната партија Трет пат, ќе биде заменет како министер за економски развој и технологија со Кшиштоф Пашик, кој моментално е лидер на парламентарната група на партијата.

Изборите за ЕП ќе се одржат од 6 до 9 јуни. /MИА

Правда: Словаците ги ценат придобивките од ЕУ, но не се грижат за европските избори и за Брисел

Словаците, пишува весникот, ги сакаат придобивките од ЕУ, но претставничките тела на ЕУ ги доживуваат како „злобниот Брисел“ кој им наредува.

Словаците ги ценат предностите на Европската унија, но изборите за Европскиот парламент не ги интересираат многу, а покрај кампањите, сличен тренд е забележлив кај сите членки на Европската унија и се заканува опасност да се зголеми силата на маргиналните партии и евроскептиците во ЕП, пишува словачкиот весник Правда.

„Иако членството во ЕУ овде (во Словачка) се гледа како нешто што се зема здраво за готово, а на политичката сцена никој, освен некои маргинални гласови, не го доведува во прашање, жителите на Словачка едвај обрнуваат внимание на изборите за претставничкото тело на ниво на ЕУ“, пишува весникот.

Во исто време, според Правда, овие избори премногу го поларизираа општеството, а слабиот одѕив се заканува дека партиите кои не победиле на национално ниво или се маргинални ќе влезат во Европскиот парламент, создавајќи „опасност од зголемување на евроскептичните гласови во ЕП“.

Весникот оценува дека Словаците можеби донекаде го научиле тоа, бидејќи излезноста на европските избори во таа земја во 2014 година била само 13,05 отсто, што е најниска во ЕУ на тие избори, додека во 2019 година сепак се искачи на 22,74 отсто.

Но, слаб е интересот и во ЕУ, пишува Правда, а на првите избори за ЕП во 1979 година излезноста беше речиси 62 отсто, а во 2019 година 50,95 отсто.

Словаците, пишува весникот, ги сакаат придобивките од ЕУ, но претставничките тела на ЕУ ги доживуваат како „злобниот Брисел“ кој им наредува.

„Далеку од тоа дека одлуките на ЕП се секогаш совршени, но во наши раце е да влијаеме. Дури и нашите претставници, во наша полза, ќе можат да кренат раце за или против мерките на Брисел“, пишува весникот.

Сепак, пишува Правда, „Словаците, едноставно кажано, немаат доверба во Брисел“.

„Словаците сè уште се само Европејци на хартија, но не и во нивните срца и умови“, наведува Правда. /МИА

притисни ентер