Најмалку осуммина загинати и 45 повредени во автобуска несреќа во Флорида (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа, а 45 се повредени во сообраќајна несреќа на Флорида во која учествувал автобус.

Несреќата се случила во округот Мерион во 6:30 часот по локално време, објави Њујорк Пост.

Портпаролот на полицијата соопштила дека во моментот на несреќата во автобусот имало мигранти кои работеле на фарма со лубеници.

Двојно убиство во Стајковци: 70- годишен маж си ги убил братот и снаата

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, потврдуваат за Канал 5 од СВР Скопје.

Кара-Мурза останува во затвор 25 години, одбиена е жалбата на најголемиот непријател на Путин

Рускиот Врховен суд ја отфрли жалбата на пресудата за 25-годишна затворска казна за предавство поднесена од критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, објавија денеска странските агенции.

Кара-Мурза е со двојно државјанство, руско и британско, и постојано ја критикуваше војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин и лобираше за санкции од Западот против Русија.

Опозицискиот политичар беше уапсен два месеца пред почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година и беше обвинет за ширење лажни информации за руските вооружени сили и прогласен за „странски агент“.

Руската полиција го приведе неколку часа откако Си-Ен-Ен емитуваше интервју со него во кое тој тврдеше дека Русија ја води „режим на убијци“. Тој подоцна беше обвинет за предавство за говорите што ги одржа, вклучително и еден во Претставничкиот дом на Аризона, кога рече дека Русија бомбардирала украински домови, болници и училишта, што Москва го негира.

Државното обвинителство го обвини дека „свесно шири лажни информации“ за акциите на руските сили во Украина, а неговата сопруга Евгенија изјави дека се плаши за неговиот живот по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во февруари.

Кара-Мурза во жалбата наведува дека не сторил никакво кривично дело и дека е осуден исклучиво затоа што го искористил правото на слобода на говор и јавно се спротивставил на Путин и војната во Украина.

Тој овој месец ја доби Пулицеровата награда за есеј на Вашингтон пост.

притисни ентер