Варвициотис: Ветото не е нешто што лесно се става во Европа

Не би рекол дека ветото е нешто што лесно го ставаш во Европа.

Не би рекол дека ветото е нешто што лесно се става во Европа, но она што може да се направи е секојдневен притисок на патот до членство во ЕУ, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за грчкиот портал „GRTimes", во однос на тоа дали Атина би ја блокирала европската интеграција на земјава и во кој случај би можела да стави вето.

– Ако нашите односи се влошат, ако не се почитува духот на добрососедски односи, ако постои суштинско прекршување на условите на договорот што го имаме потпишано, ако постои една сериозна промена во врска со функционирањето на владеењето на правото, на демократијата во соседната земја. Не би рекол дека ветото е нешто што лесно го ставаш во Европа. Но, она што може да се направи е секојдневен притисок, бидејќи патот кон Европа на сите останати балкански земји не е лесен тек и преговорите нема да бидат шест месеци или една година. Ќе траат многу години, можеби и деценија за да ја поминат портата на Брисел и да седнат на иста маса во Европскиот совет, објасни Варвициотис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на Договорот од Преспа го повторува ставот дека владејачката Нова демократија 0направила сѐ што можело за да не биде потпишан и ратификуван, објаснувајќи дека ревизија на Договорот не е изводливо решение и потенцирајќи дека „Грција е земја која ги брани меѓународното право и меѓународните договори".

– Кога (Грција) од другите бара да го почитуваат нивниот потпис, така и самата мора да го почитува нејзиниот потпис. Промена, ревизија на Договорот од Преспа, не е ниту лесен процес, ниту во овој процес Грција би дошла со силни оружја на маса. Нејзините силни оружја беа ветото за членство во НАТО и Времената спогодба која предвидуваше дека нашата соседната земја, во сите меѓународни организации ќе биде призната како Поранешна југословенска Република Македонија. Овие работи ги изгубивме со Договорот од Преспа. Речиси се завршува интеграцијата на Скопје во НАТО и секако веќе не е во сила Времената спогодба. Според тоа, ревизијата не е едно од изводливите решенија. Не е да го поништиме. Она што треба да направиме е чекор по чекор во европскиот тек на земјата, да се обидеме да го подобриме, објаснува алтернативниот министер за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкиот портал.

Во истиот контекст, Варвициотис како пример споменува дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, иако не се согласува со Лозанскиот договор, сепак не го поништува.

Варвициотис смета дека аргументот на претходната грчка Влада, дека е придобивка што Грција го надгледува воздушниот простор на Македонија и не е толку важен, бидејќи Атина истото го прави и со Албанија откако во 2009 таа земја стана членка на НАТО.

– Бидејќи Албанија нема воени авиони, од 2009 грчкото Воено воздухопловство има обврска да го надгледува албанскиот воздушен простор. Мислам дека имаме потрошено некои 10-тина милиони евра, толку беше цената на целиот овој случај и е елемент од нашите НАТО обврски. Што прават воените авиони, за да биде појасно: Во случај некој авион, да престане да емитува сигнал, да не може да се најде на радарот или да се изгуби од воздушниот простор, а се наоѓа над Скопје, тогаш ќе се крене грчки воен авион да види што се случува, објаснува Варвициотис.

За производите, трговските ознаки и брендот Македонија, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција вели дека претходната Влада, една година не направила ништо „за да ги поддржи македонските производи и не инвестирала воопшто во брендот Македонија", а сега тие треба да најдат решение за бизнисмените од северна Грција, со цел нивните „македонски производи да се наоѓаат на полиците во целиот свет".

Говорејќи за Солун и за северна Грција, алтернативниот шеф на грчката дипломатија вели дека неговата мајка потекнувала од грчката Македонија, додавајќи дека се чувствува оти „во неговата крв тече крв на Македонец", изјава што воедно е и насловот на интервјуто за солунскиот информативен портал „GRTimes". /МИА.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер