Вархелји : Скопје и Тирана треба да почнат преговори пред мај

Кандидатот за комесар за проширување и соседска политика, Унгарецот Оливер Вархелји, два и пол часа беше сослушуван и оценуван од европратениците за неговата способност да ја врши оваа функција во наредните пет години.

Во својот воведен збор, Вархелји истакна дека неговата амбиција е да успее да ги убеди земјите членки Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членство со ЕУ пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб, закажан за почетокот на мај.

Вархелји посочи дека три земји членки го кочат процесот, а тоа се Франција, Холандија и Данска. Тој застана зад европската перспектива на Северна Македонија и Албанија и изрази надеж дека, доколку биде потврден од Европскиот Парламент, до крајот на неговиот петгодишен мандат Скопје и Тирана ќе бидат веќе длабоко навлезени во преговорите со ЕУ.

Специфично за Северна Македонија, Унгарецот потсети дека европските лидери масовно го посетуваа Скопје пред референдумот за Договорот со Грција и и ветија на земјата дека доколку референдумот биде успешен, преговорите ќе бидат отворени.

-Она што е во прашање тука е кредибилитетот на ЕУ во регионот и пошироко, изјави Оливер Вархелји.

Кандидатот за наследник на Јоханес Хан потврди дека за него, исто така, проширувањето и продлабочувањето на Европската Унија се процеси кои можат да одат паралелно.

-Треба да ги отвориме преговорите со Северна Македонија и Албанија, тоа значи дека треба да застанеме јасно зад принципот на членство и зад принципот на сопствена заслуга истовремено, рече Вархелји одговарајќи на прашање на пратениците.

Запрашан за можноста да се одвојат двете земји, тој не ја исклучи оваа опција.

-Ниеден пристапен процес не може да биде кредибилен без принципот на сопствена заслуга, мораме да се држиме до тоа, можеби ќе дојдеме до критична точка каде една, две или три земји ги исполнуваат критериумите. Немам предрасуди во однос на тоа, ако е една, една е, ако се две -две, три – три, но не смееме никого да попречуваме во успехот, ако покажат заложба, и ние треба да покажеме, така што можно е да се напушти принципот на пакет, но не ја исклучувам можноста за пакет, изјави Вархелји.

Кандидатот инсистираше во овој дел и на важноста да се има предвид геополитичкиот елемент во однос на регионот затоа што "Балканот е многу чувствителен регион и нашата работа е да создадеме долгорочен просперитет", додаде Унгарецот.

Тој додаде дека ги зема предвид и преокупациите на земјите членки кои се резервирани во однос на проширувањето.

-Треба да работиме на таа загриженост кога е главно поврзана за лажните барања за азил, корупцијата и други теми поврзани за владеењето на правото, ќе работиме заедно со нашите партнери во Северна Македонија и Албанија за да ја ублажиме таа загриженост и да им помогнеме на земјите да ги исполнат критериумите, рече Оливер Вархелји додавајќи дека оваа Европска Комисија јасно се држи до принципот дека земјите од регионот имаат ЕУ перспектива.

Не изостанаа прашањата за азилот на осудениот поранешен премиер, Никола Груевски, одобрен од унгарската Влада, но Вархелји експресно се дистанцираше од таа одлука, истакнувајќи дека според правилата во ЕУ, одлуките за азил се исклучиво надлежност на земјите членки, и дека тој како иден комесар нема да прима инструкции од ниту една земја членка.

Меѓутоа, Вархелји, на барањата од европратениците за гаранции дека ќе биде независен од Виктор Орбан, не успеа експлицитно да ги осуди изјавите на премиерот, кој го номинираше.

Запрашан во повеќе наврати од пратениците на социјалдемократската група и на зелените дали се дистанцира од изјавата на Орбан дека Унгарија доколку го добие портфолиото проширување ќе и помага на Турција, Вархелји не формулираше експлицитна осуда утрово.

Координаторите на пратеничките групи во текот на денешниот ден ќе треба да постигнат договор за кандидатурата на Оливер Вархелји, одлуката се очекува во текот на денот.

Андоновски: Очекувам зголемување на бројот на пратеници со прегласувањето

"Дадовме приговори за некои места каде што имаше нерегуларности во гласањето, ни ги прифатија и сега ќе има прегласување на истите тие места, каде што очекуваме да добиеме плус некој пратеник доколку граѓаните ни го дадат својот глас", .

"Дадовме приговори за некои места каде што имаше нерегуларности во гласањето, ни ги прифатија и сега ќе има прегласување на истите тие места, каде што очекуваме да добиеме плус некој пратеник доколку граѓаните ни го дадат својот глас", изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски, на гостувањето ма "Daily click" на тв21.

Намалување на институциите и преиначување на одредени агенции во министерства, ќе донесат поголем бенефит за квалитетот на водењето на државата, појасни Андоновски.

„Нашата амбиција е да можеме да го донесеме овој закон, ако го собереме потребното двотретинско мнозинство дури и пред формирањето на владата, и целта е да тој закон ги уреди новите министерства, но и ги преуреди надлежностите на постоечките министерства во смисла на новото време затоа што таму, тој закон е изменет само неколку пати и не соодвестуваат одредбите од тој закон со потребите и начинот на работа на државната управа кој што е денес“, вели Андоновски.

Во однос на минатото, Андоновски беше дециден дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ извлекло поука од минататото и дека партијата поминала низ целосна статутарна и кадровска реорганизација, и дека истото освежување ќе резултира со позитивни промени и во раководењето со државата.

На прашањето дали пратениците, кои можеби ќе се приклучат на коалицијата, доаѓаат од НСДП, ЛДП, односно од коалициони партнери на СДСМ, Андоновски вели дека мора да потврди дека се разговара со поголема група на пратеници, кои што во изминатиот период покажале интерес да се приклучат, но биле спречени поради притисоци, политички уценувања.

„Мислам дека во наредниот период ќе се охрабрат и ќе ни се приклучат затоа што се свесни дека претседателот Христијан Мицкоски е новиот премиер“, истакна Андоновски.

"Во однос на инаугурацијата на Претседателката Гордана Силјановска Давкова, имам да кажам дека Претседателката има право на свој сопствен став и личен индентитет, кој не е во спротивност на Преспанскиот договор." појасни Андоновски.

Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација

Каратистите на Макпетрол заминуваат на турнир во Шпанија

Каратистите на Макпетрол, Витомир Трајковки (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84кг) ќе учествуваат на Светската младинска лига во Ла Коруња, Шпанија во периодот од 16-19  мај.

Во моментов и во период од веќе две години Витомир Трајовски (– 84 кг) е прворангиран на светската ранг листа, додека Стефан Стојановиќ е второрангиран на светската ранг листа во категоријата (+84 кг).

Со каратистите ќе биде и тренерот Петар Заборски.

Во Шпанија ќе учествуваат 3.032 спортисти од 76 држави.

До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата

До четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме.

Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, кој ќе достигне и над 60 километри на час.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 15 до 30 степени.

притисни ентер