Вархелји : Целта ми е ширење на економскиот и социјалниот напредок

Новиот европски комесар за проширување и добрососедство ,Оливер Вархелји рече дека неговата цел во следните пет години од мандатот ќе биде ширење на економскиот и социјалниот напредок на ЕУ кон граѓаните на земјите во непосредна близина на Унијата

„Тоа е голем предизвик, со оглед на сложените и различните односи што ги имаме со државите, почнувајќи од Украина преку Србија и Албанија, до Турција, Египет, Мароко и Либија“, рече Унгарецот Вархелји во промотивното видео при денешното преземање на функцијата и почетокот на петгодишниот мандат.

Тој од денеска ја презема функцијата од досегашниот комесар Јоханес Хан , кој останува во ЕК како еврокомесар за буџет и администрација.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина.

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

„На излез на граничниот премин Јариње се затекнати две лица со руски пасоши (едно машко и едно женско) кои немаа визи на Република Косово, а по проверката е утврдено дека лицата немале влез/излез во Република Косово. Според нив, истите дошле од Ниш, Србија, и завршиле на граничниот премин Јариње. Се претпоставува дека дошле по илегални патишта. По налог на обвинителот, двајцата осомничени се испратени во притвор“, се вели во соопштението.

Во врска со случајот против нив Основното обвинителство во Митровица поднело обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово.

„Основното обвинителство во Митровица за двете приведени лица поднесе обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово, поради сторено кривично дело ‘Неовластено преминување на гранични премини или гранична линија’“, изјави за медиумите портпаролот на Обвинителството во Митровица, Ваљон Претени.

На 30 септември 2022 година, Владата на Косово донесе одлука дека за сите руски државјани, вклучително и оние со дипломатски пасоши, кои сакаат да влезат, транзитираат или престојуваат во Косово, е потребна виза.

притисни ентер