Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

 Вчерашниот ден покажува дека нема недопирливи и не смее да има недопирливи на правдата, изјави денеска пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калевска.

– Секогаш кога постои основано сомнение за сторено кривично дело обвинителството е должно да постапува согласно своите надлежности, а доколку таквите основани сомненија се преточат во обвинителен акт којшто ќе стигне во судот, судот секако треба да постапува. Што и како понатаму ќе се одвиваат работите околу овој случај, ниту сакам, ниту можам, ниту би било во ред да коментирам, бидејќи тоа е нешто кое што е строго согласно Уставот надлежност на третата власт, односно судската власт, рече пратеничката во врска со случајот „Рекет".

Ние како парламентарци и јас како дел од парламентарното мнозинство, додаде таа, можам само да кажам дека навистина се надевам и верувам дека иднината ќе покаже дека Македонија, нашата држава може и мора да се справува со сите предизвици вклучително со предизвикот на загрозено владеење на правото.

– Тоа беше ветување на СДСМ и коалицијата за враќање на довербата на граѓаните, за темелите на државата коишто беа загрозени да бидат цврсто бетонирани и конечно да говориме за навистина непречено владеење на правото, рече пратеничката Ванчева Калевска.

Според неа, секој треба да си ја работи својата работа и секој има индивидуална одговорност, колективна може да биде политичката одговорност, но кога станува збор за кривична одговорност тогаш тоа секако има име и презиме и мора да биде индивидуализирано.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер