Вацлав Клаус и препорача на Грција да прифати заедничка валута со Македонија

Вацлав Клаус, доскорешниот претседател на Чешката Република, на шега и препорача на Грција да прифати заедничка валута со Македонија, како излез од финансиските проблеми и надминување на спорот за името.


Вацлав Клаус, доскорешниот претседател на Чешката Република, на шега и препорача на Грција да прифати заедничка валута со Македонија, како излез од финансиските проблеми и надминување на спорот за името. Клаус зборуваше за економската криза во Грција и во Европа во целина во либертаријанскиот институт Кејто во Вашингтон, каде препорача Грција да ја напушти Европската Унија.

На прашањето за грчкото вето за македонските интеграции, Клаус одговори: - Не сакам да давам силни изјави. Се сеќавам кога бев на самитот на НАТО во Букурешт со другите 28 шефови на држави. Поминаа осум часа, од 20 часот вечерта до 4 утрината, обидувајќи се да ја убедиме Грција да ја смени позицијата. И јас учестував во таа дебата, и што друго да кажам. Би требало да имате една валута со Грција. Можеби тоа би го решило проблемот, да и предложите на Грција да имате една валута, и ќе видиме, изјави претседателот Клаус, кој беше на чело на Чешка од 2003 година до минатата недела.
Во своето обраќање Клаус, кој е познат како чест критичар на Европската Унија, препорача спроведување на суштински промени во ЕУ и во начинот на нејзино функционирање, со цел да се спаси европскиот проект. Тој препорачува исклучување на држави од евро-зоната и нејзино сведување на околу осум од сегашните 17 држави.

- Не верувам дека ЕУ треба да се укине, се уште може да се реформира. Но, сметам дека сме на крстопат и не можеме да продолжиме напред вака. Мислам дека е можно неколку држави да си заминат и се ќе биде подобро, изјави Клаус.

Ваквото исклучување на држави од евро-зоната тој го спореди со разделбата на Чешка и Словачка од заедничката држава Чехословачка. Според Клаус, заминувањето на Грција, кој претставува околу два проценти од европската економија, ќе биде многу помала траума отколку што била ‘кадифената’ разделба на Чехословачка, каде помалиот партнер, Словачка, претставувал дури една третина од економијата.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер