Утрово Куманово најзагаден град во Македонија

 Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија. 

Нивото на ПМ десет честичките во моментов се неколкукратно зголемени и изнесуваат 242 mg/m3. Синоќа, пак беа уште повисоки и се движеа од 411 до 380 mg/m3. Во доцните вечерни часови во Куманово мирисаше на чад, но се ширеше и специфичен продорен мирис.

Граѓаните бараат бараат од властите засилени инспекциски контроли. Претходно во неколку наврати во годината, општината изврши аеросолизација еден од методите со кои се намалува арозагадувањето. Во изминатите денови ЈП „Чистота и Зеленило" ги миеше улиците во ноќните часови, што е исто така е дел од мерките за намалување на загадувањето.

Меѓу итните вонредни мерки е и садење садници и засилени инспекциски контроли, што на една од седниците ги донесоа советниците, а се почесто се барање на граѓаните. Изминатиот период беа засадени садници на повеќе локации во населната „Карпош" и „Тоде Мендол". Но, и покрај овие преземени краткорочни и среднорочни мерки за намалување на аерозагадувањето, Куманово синоќа беше најзагаден град во Македонија.

Според стручните и граѓаните, гасификацијата на домаќинствата и големите потрошувачи е клучна за намалување на аерозагадувањето. Општината субвенционира 10.000 денари за секое домаќинство кое ќе се приклучи на мрежата, а според последните најави на Министерството за здравство и болницата каде што е лоцирана мерната станица, ќе се гасифицира.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер