Утринска уметничка акција во Скопје: Озбек Ајваз претстави две скулптури

 Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети.

Во утринските часови во центарот на Скопје, младиот уметник Озбек Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети и санитарни услови.

Недостигот од пристап на основни хигиенски услови ги изложува луѓето на ризик од контакт со различни патогени бактерии кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје. Недостигот на пристап до чиста вода, хигиенски средства и други санитарни хигиенски услови може да го зголеми ширењето на бактерии како клебсиела и протеус мирабилис да резултира со зголемен број на здравствени проблеми во заедницата.

Во близина на ТЦ „Буњаковец“, е прикажана бактеријата Klebsiella, која има потенцијал да биде сериозна опасност на ширење на зараза. Клебсиелата е патогена бактерија која може да предизвика различни видови на инфекции, вклучувајќи уринарни инфекции, пневмонија и инфекции на крвотокот.

Втората скулптура, која ја претставува бактеријата Proteus mirabilis е изложена во Градскиот парк кај фонтаната Лотус. Таа исто како и другата бактерија, е лесно пренослива и може да предизвика голем број на инфексции кај луѓето.

За подобра заштита, есенцијално е да се обезбедат пристојни јавни тоалети, особено на јавни места како паркови, улици и трговски центри. Проширувањето на пристапот до хигиенски услови не само што го подобрува здравствениот статус на заедницата, туку и спречува ширење на заболувања и компромитирање на квалитетот на јавното здравје.

Комеморации во Србија за жртвите на ланското масовно убиство на девет млади луѓе

Во селата Мало Орашје и Дубона кај Белград денеска започна комеморативна програма во спомен на жртвите од масовното убиство на 4 мај минатата година, второ во последните два дена.

Пред една година, доцна во ноќта, 21-годишниот Урош Блажиќ со автоматско оружје уби девет млади лица - Никола Милиќ (14), Александар Миловановиќ (17), Марко Митровиќ (17), братот и сестрата Кристина (18) и Милан Паниќ (22) Лазар Миловановиќ (19), Немања Стевановиќ (21), Далибор Тодоровиќ (24) и Петар Митровиќ (25), а повреди уште 12, објави Индекс.

Злосторството се случило еден ден по масовното убиство на основците во училиштето „Владисалв Рибникар“. Заедно со Урош Блажиќ, обвинителството предложило максимална казна од 20 години за неговиот татко за неовластено поседување на поголема количина оружје, муниција и експлозивни материјали, додека за истите кривични дела се товарат и неговиот вујко и синот на вујкото, со понизок предлог за казна. Заедно со семејствата и роднините на убиените, на комеморативната средба присуствуваа пријатели, колеги од училиште и родители на загинатите ученици во ОУ „Владислав Рибникар“, кои ден претходно ја одбележаа годишнината од убиството на нивните деца кои биле убиени од врсник. Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговите колеги, исто така, им оддадоа почит на жртвите на масовните убиства во Мало Орашје и Дубона.

Двете масовни убиства на 3 и 4 мај минатата година беа извршени за помалку од 48 часа. Откако 13-годишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај за време на првиот час со пиштолот на татко му го уби училишниот чувар и деветмина негови соученици, а рани уште петмина и наставник, на 4 мај доцна во ноќта, 21-годишен млад човек изврши масакр во две села кај Младеновац и Смедрево и зад себе остави девет жртви и 12 ранети.

Тие две злосторства минатиот мај се одбележаа со повеќемесечните протести „Србија против насилството“ на кои учествуваа стотици илјади луѓе низ целата земја.

Ликвидација среде Солун- тројца од возило во движење изрешетале Грузиец (ВИДЕО)

Грчката полиција трага по три лица кои денеска околу 14 часот испукале неколку истрели и убиле маж (41), кој веќе им бил познат на органите на прогонот.

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.

Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште.

Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов.

Сè се случило пред бројни сведоци.

На терен се голем број полицајци, а овој дел од градот е блокиран.

Членови на ИПА пред Велигден го посетија геријатриското одделение при Општата болница во Охрид

Денеска, во пресрет на најголемиот христијански празник Великден-Христовото воскресение, Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид го посети геријатриското одделение при Општата болница во Охрид. 

23 повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат, не пречекаа со насмевка на лицето и ни пуштија рака во знак на добродојде. Ним, од срце им го честитавме Великден, ги прашавме како се, како се чувствуваат, како го поминуваат денот, им посакавме добро закрепнување, добро здравје и среќни моменти. Честитки за Великден упативме и до целиот тим на одделението, предводен од доктор Соња, им посакавме добро здравје и им искажавме почит за нивната посветеност во зачувувањето на здравјето на луѓето за кои се грижат.

Баба Стојанка која има 96 години, баба Доста и останатите, не испратија со насмевка, од душа ни рекоа „да остарите и вие“ и не поздравија со најдобриот христијански и великденски поздрав „За многу години“. Така срдечно и топло, од душа не поздрави и дедо Божин кој не испрати до врата, ги крена рацете високо и среќно, и ни рече „Бидете живи здрави, да живее Македонија, да се видиме пак“. Ќе се видиме дедо Божин, бабо Стојанке, баба Доста, ќе се видиме, со Господ напред, да сме живи здрави сите, за многу години. Благодарни сме што не примивте денеска и што со Вас, како наши пријатели, се почувствувавме посреќни.

Нашите дедовци и баби, нашите повозрасни претци, ја заслужуваат целата љубов и почит на овој свет. Тие беа и се, нашиот столб. Тие се вградија себе си во нас, во нашиот развој и во напредокот на Македонија.

SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.

Претседател на ИПА ОХРИД

М-р Стефан Димоски

притисни ентер